Ме изневери. Му дадов втора шанса. Што се случи подоцна?

Прељубата за мноштво жени значи дефинитивен крај на врската или бракот. Точка, после која нема враќање назад. Но, постојат и тие кои во име на љубовта се спремни да простат и дадат уште една шанса.

me-izneveri-mu-dadov-vtora-shansa-shto-se-sluchi-podocna-1.jpg

Што се случува кога на партнерот ќе му прогледате низ прсти за неверството? Дали тоа е вистински потег? Какви последици остава на блискоста и довербата?

Одговорите на овие прашања ќе ги пронајдете во интимните исповеди на неколку жени, кои сепак им дале втора шанса на прељубниците:

„Одлучив дека повторно ќе му верувам и навистина се трудев да си го одржам ветувањето. Сепак, не помина ни месец дена, а нему пак почнаa да му стигаат пораки. Со нив сѐ започна и претходниот пат. После некое време, не сакав да ги игнорирам повеќе. Му погледнав во мобилниот телефон и станав свесна за она што длабоко во себе веќе долго го знаев. Ме изневерувал со која ќе стигнел, кога и да стигнел. Оттогаш, не им давам втори шанси на такви типови.“

me-izneveri-mu-dadov-vtora-shansa-shto-se-sluchi-podocna-2.jpg

„Тој навистина се поправи и не ми даваше причина за одново да се сомневам во него. Меѓутоа, јас едноставно не можев да си помогнам. Секоја жена со која разговараше ми беше сомнителна. Секоја порака што ќе ја добиеше, мене ми создаваше стрес. Поради тоа, почнавме толку многу да се караме, што нашата врска веќе немаше никаква смисла.“

„Ме молеше за втора шанса, а јас му ја дадов. Го направив тоа, затоа што сакав да му покажам колку ми значи. Но, со тек на време ми стана одбивен, до таа мера што почнав и потајно да го мразам. Започнував кавги и бев сурова кон него, бидејќи сакав да му биде непријатно во врската. А, во суштина, најнепријатно ми беше на мене самата.“

me-izneveri-mu-dadov-vtora-shansa-shto-se-sluchi-podocna-5.jpg

„Му го простив неверството, но само заради околностите. Се случи во моментот кога пречесто се расправаме околу тоа дали ќе се иселиме од државата или не. Одлучив да му дадам уште една шанса, а денес живееме во странство и планираме свадба. За мене втората шанса беше супер избор, ама тоа не значи дека е и за другите.“

„Сопругот ме изневери после 15 години во брак. Не ми призна веднаш. Наводно, тоа било само секс за една вечер. Штом ми кажа што го мачи, знаев дека конечно го држам во свои раце. Не ми падна ни на памет да се разведувам. Сепак, тој беше добар татко на нашите деца. Тоа што мене не ми беше добар сопруг и што нашата љубов некаде заглави – само мој проблем беше. Одлучив да останам со него. Секој ден го гризе совеста. Конечно го добивам сето она што со години го посакував. Се разбира, начинот е погрешен, но јас сега уживам. Внимателен е, ги покажува своите своите чувства и многу работи на нашиот однос. Можеби погрешив, но засега добро функционираме. “

me-izneveri-mu-dadov-vtora-shansa-shto-se-sluchi-podocna-4.jpg

„Се случи спротивното. После некое време, го изневерив јас него. Мислев дека сум му простила, но потсвесно, сакав да го повредам на истиот начин на кој тој мене ме повреди. Кога му кажав, а го направив тоа сакајќи да бидам искрена, тој полуде и ме остави. Ми беше тешко, но денес сфаќам дека се ослободив од еден обичен неверен лицемер.“

Каков став имате на оваа тема? Би му дале ли втора шанса на партнерот што еднаш ја изневерил вашата доверба?

me-izneveri-mu-dadov-vtora-shansa-shto-se-sluchi-podocna-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg