10 типови на ужасен секс што сите ќе ги имаат порано или подоцна

Прв секс, повреди за време на секс или ужасно здодевен секс, речиси сите минале низ тоа.

10-tipovi-na-uzasen-seks-shto-site-gi-imaat-porano-ili-podocna-01.jpg

Сексот прави да се чувствувате добро, прави партнерот да се чувствува добро и е одличен ден за започнување, зачинување и завршување на денот.

Но работите не одат секогаш по планот.

Овие типови на лош секс сигурно сте ги искусиле или ќе ги искусите, но тоа не треба да ве обесхрабрува, наредниот пат ќе биде подобро:

Прв секс

Губењето на невиноста ретко е сјајно. Ако сега погледнете на тој период ќе видите многу куса и непријатна акција.

Не постои такво нешто како почетничка среќа во сексот.

10-tipovi-na-uzasen-seks-shto-site-gi-imaat-porano-ili-podocna-04.png

„Snooze“ секс

Знаете дека за да биде добар сексот двете страни треба да бидат концентрирани на чинот, но признајте колку пати досега среде акција умот ви има отидено на друго место и со „snooze“ сте се враќале назад?

Од неплатени сметки, па до тоа каде ќе одите за новогодишните празници, многу работи може да ви паднат на ум.

Секс со повреда

Многу работи може да се случат кога ќе се загреат страстите. Паѓање од креветот, лакот во лице, истегнување на грбот и низа други повреди може да ја расипат атмосферата.

10-tipovi-na-uzasen-seks-shto-site-gi-imaat-porano-ili-podocna-02.png

Тон телесни течности

Телесните течности за време на секс се нормална појава. Вагинален секрет, семена течност, плунка, па дури и малку пот од жешката акција.

Но што кога потта на партнерот едноставно капе врз вас за време на некоја поза? Дефинитивно, непријатно!

Неочекуван фетиш секс

На возрасните им е дозволено сè за време на сексот, се разбира, со прифаќање од двете страни.

Но дали некогаш ви се случило партнер со кој сè уште не сте комплетно опуштени да посака да реализирате некој негов фетиш? Неочекувана ејакулација во лице на партнерката и не е баш добра идеја без претходна консултација.

10-tipovi-na-uzasen-seks-shto-site-gi-imaat-porano-ili-podocna-03.png

Секс под туш

Сексот под тушот е навистина забавна идеја, но понекогаш во реалноста изгледа сосема поинаку.

Сапуница во очите, несогласување околу температурата на водата и тешки маки за да се изведат позите на лизгавата површина.

Секс на пијано

Кога имате испиено пијачка, две се чувствувате навистина секси и расположени за секс. Но, кога ќе претерате со алкохолот сувоста на вагината и немањето добра ерекција се честа појава.

Експериментален секс

Нови лубриканти, локации и секс играчки се одлична идеја за зголемување на адреналинот. Но понекогаш имаме и несакани алергиски реакции, ненадејни прекини и лоши искуства од ваквото експериментирање.

10-tipovi-na-uzasen-seks-shto-site-gi-imaat-porano-ili-podocna-05.jpg

Секс без хемија

Ова е тип на секс кога немате ништо заедничко, но здодевно ви е и одлучивте да имате секс. Не си ги знаете добро телата, не комуницирате ефикасно и крајниот резултат е разочарувачки.

Себичен секс

Добриот секс подразбира земање и давање. Ситуациите кога едниот од партнерите ја прави целата работа, а другиот само ужива навистина е ужасен.

Никој не сака себичен љубовник.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg