Една карактеристика кај партнерот е најпосакувана низ целиот свет

Едно неодамнешно истражување докажа дека јазикот на љубовта е универзален, а добрината се цени низ целиот свет.

edna-karakteristika-kaj-partnerot-e-najposakuvana-niz-celiot-svet-01.jpg

Знаете како велат „Тоа што е внатре всушност се брои“. Сега и истражувањата покажаа дека е така.

Неодамнешно истражување на мрежата YouGov спроведено низ 20 земји откри дека поголемиот број од луѓето му даваат приоритет на карактерот за сметка на изгледот кај љубовниот партнер.

Конкретно во Велика Британија само 14% од мажите и 5% од жените го избрале добриот изглед како посакуван квалитет кај партнерот, додека 52% од вкупниот број мажи и жени ја одредиле добрината како најпосакувана карактеристика.

Во истражувањето учествуваа мажи и жени од сите краишта на светот, па изгледа дека иако сите зборуваме различни јазици, единствениот заеднички јазик на целата планета е јазикот на љубовта.

edna-karakteristika-kaj-partnerot-e-najposakuvana-niz-celiot-svet-02.jpg

Со исклучок на мажите во Виетнам, добрата личност е на врвот на приоритети на сите мажи и жени од земјите вклучени во истражувањето.

„Од Шведска, па до Сингапур луѓето покрај себе сакаат партнери кои прават да се чувствуваат добро. Личноста и хуморот придонесуваат за тоа, додека изгледот не“, изјави психологот Медлин Мејсон.

Можеби чувствуваме дека вистинските вредности полека се губат во ова современо општество, но сепак, за среќа, ова истражување докажува дека на врвот приоритети на луѓето при изборот на партнер сè уште им е една вистинска вредност.

Што мислите, дали и во Македонија добрината како критериум при избор на партнер сè уште стои на пиедесталот?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg