4 совети како да ѝ кажете стоп на љубомората

Научете да се сакате себеси, доволно долго неговиот распоред ви беше приоритет!

4-soveti-kako-da-i-kazete-stop-na-ljubomorata-01.jpg

Ако постои статистика на колку љубовни врски им дошол крајот поради љубомора, бројките сигурно ќе бидат загрижувачки.

Ова чувство кое првенствено потекнува од сопствената несигурност и незадоволство, може да биде навистина опасно и да ја уништи дури и најсилната љубов. Никој не сака партнер кој постојано му приредува љубоморни сцени.

Ако се препознавате во овие редови, тогаш треба веднаш да ѝ застанете на патот на љубомората со помош на овие четири совети:

Откријте што ве прави среќни во врската

Љубомората се јавува кога се чувствувате несреќно во односот со партнерот, а првиот чекор да ја совладате е да откриете што ви недостига во врската.

Ако неговите желби се секогаш на пиедесталот, а вашите потиснати, ако тој секогаш прави совршен баланс помеѓу времето минато со вас и своите други интереси, а вие сте му подредена нему и на неговиот распоред, време е да ги промените работите.

Логично е што сте станале љубоморни на секој негов чекор, иако нема причина за тоа. Во врската најважно е да се чувствувате добро со партнер кој ви е компатибилен.

Научете да бидете сами со себе

Љубомората често настанува како последица на паника дека ќе ја изгубите саканата личност. Престанете да бидете посесивни и опседнати дали партнерот ќе ве остави, изгледа се плашите да бидете сами со себе.

Време е да научите да се сакате себеси, да бидете искрени кон себе и самостојни во секој поглед.

На крајот од денот мора да имате врска базирана на љубов со себе, за да можете да имате таква врска со кој било друг. Сфатете дека вие сте комплетна личност и без него.

Бидете свесни дека секогаш имате избор

Љубомората понекогаш може да биде оправдана. Ако сте во врска со партер кој е лицемерен, ги запоставува вашите желби и потреби, ве лаже и не ви дава објаснувања, тогаш тој се однесува како да не е во врска, па логично е да бидете љубоморни.

Но, мора да се одлучите. Ако го сакате премногу, сфатете дека не можете да го промените и престанете со љубомората, но уште подобро е да се изборите во вашите чувства и да го оставите.

Навистина нема потреба да бидете во врска со некој што не ве цени. Прекрасни луѓе чекаат на вас!

Бидете свесни за своите доблести

Многу луѓе кога се во врска имаат константен страв дека не се доволно добри за својот партнер и дека кога тогаш тој ќе ги замени со некоја подобра, поубава, поуспешна личност.

Веднаш треба да ја промените насоката на размислување и да сфатите дека тој е со вас затоа што имате низа доблести. Не се споредувајте со другите, бидете самоуверени и нема причини за љубомора.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg