Дали јас бев проколната да бидам вечно сама?

Дали сами ја предизвикуваме судбината или судбината нè предизвикува нас? Дали беше возможно да не можеме сами да одредиме каде ја правиме грешката и зошто нашиот живот има таков тек? Каде грешев јас?

dali jas bev prokolnata da bidam vecno sama 01 copy

Повторно облеков црн фустан, ја исчешлав косата, ги исчистив црните кондури, ставив кармин, малку пудра, како што правев секогаш. Се дотерав. Секогаш се трудев да изгледам како да ме чека оној вистинскиот. Овојпат со надеж дека вечерва нешто ќе се промени, дека ќе сретнам некој кој ќе направи да се почувствувам посебно.

Го облеков капутот и излегов. Во главата имав многу прашалници, дали имав високи критериуми за мажите или имав одбранбен механизам кој претпочиташе да каже „не”, отколку да им даде можност да работите. Дали јас бев проколната да бидам вечно сама?

Можеби јас ја креирав таа самотија од преголемото одбивање на сите фини момци околу мене. Дали беше возможно да сум мазохистка, која сака да биде во рацете на кретени и идиоти. Како се создаваше таа логика во мојата глава?

Зошто уживав да бидам тука само на повик, наместо да бидам во прегратка на некој кој ми се посветува целосно. Како да сакав работите наместо на подобро, да одат на полошо, иако знаев дека на крајот срцето ќе ми биде скршено.

Како можев да го исправам тој хаос во мојата глава?

Ретки се луѓето кои се искрени, уште поретки оние кои што се со искрени намери, а како јас секогаш бев привлечена од оние кои се сè спротивно? Каде грешев јас во љубовта?

Постоеше ли нешто што ја поправаше таа моја расипана душа, ќе можам ли конечно да ја сфатам дефиницијата, да бидам сакана, почитувана, а не онаа втората која мора да се прикрадува тивко во ноќта. Ќе научам ли да не бидам втора опција?

Ќе престанам ли некогаш да ги остварувам замислите на оној кој ме поседува и несвесно го превртува мојот свет, притоа негрижејќи се што ќе биде со мене. Јас како негова кукла, секогаш тука кога ќе ме побара, секогаш тука кога ќе ме посака. Потоа ќе исчезне и ќе ми го исече срцето на парчиња и ќе ме остави да искрварам. Сакам само да престане.

Сакам работите да се сменат, но секогаш кога ќе се обидам да направам промена, повторно заглавувам во истиот круг на безизлезност. Како да престане, како да го расчистам овој хаос во мојата глава и конечно да бидам среќна?

Сакам овој дожд да измие сè, нека ми помогне да се пронајдам себеси, да дадам шанса на сите оние кои ја заслужиле. Да ја скршам клетвата, која можеби сама себеси сум си ја фрлила. Да бидам и јас дел од некоја бајка, различна од оние кои започнуваат и завршуваат со солзи.

Постојат ли нови почетоци кога сè е срушено, се забораваат ли сите тие „гнасни“ допири и неискрени бакнежи од забава. Може ли човек повторно да биде свој, после таквото кршење? Ќе знам ли јас да сакам искрено? Ќе има ли кој да ме сака искрено? Ќе престанам ли да сонувам за кретени и да бидам среќна за оној добар, искрен човек, кој се молам на Бога да се појави крај мене?

Ќе успеам да бидам нечиј пресек и дел од некаква унија или ќе ме следи проклетството, па ќе останам вечно сама, во тој круг на идиоти кои доаѓаат и си одат?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg