Интимни исповеди на парови: Што ни го уништи сексуалниот живот?

Како доаѓа до тоа да страствената љубов помеѓу партнерите, одеднаш само исчезнува? Неколку двојки го споделија своето искуство, а врз основа на нивните грешки, научете што треба изнегнувате и во вашата врска.

intimni-ispovedi-na-parovi-shto-ni-go-unishti-seksualniot-zhivot-001.jpg

На почетокот љубовта цвета. Силна е и желбата да го поминеме целиот живот со партнерот.

Меѓутоа, по години и години заедно, тоа чувство речиси целосно избледува.

Бракот станува само обврска, а желбата за блискост се претвара во желба за бегство.

Зошто? После колку време настапува моментот, кога еден од партнерите веќе не сака телесен контакт? Дознајте од искрените одговори на четири пара, кои ја раскажаа својата интимна исповед:

„Сексот прерасна во должност!“

„По неколку години брак, се поретко и поретко имавме секс. Во еден момент, дојде до тоа да имаме точно одредени „задолжителни“ термини за секс – за годишнината или родендените. За исполнет сексуален живот, потребна е страст и малку разиграност. Кога тоа ќе се изгуби, желбата за секс постепено целосно се губи.“

„Нашата врска стана еднострана.“

„Во еден момент, јас бев единствената која се уште се трудеше околу врската. Имав чувство како постојано да давам и давам, додека од него ништо не добивав. Тоа ми беше страшно напорно. Па, дојде денот кога веќе не сакав да му „давам“ ни секс. Неговото детинесто однесување и неснаодливоста, комплетно ме одбиваа. Единствено можев да го доживеам уште како дете - а тоа не е ни малку секси.“

„Никогаш не беше расположена.“

„После раѓањето на нашето второ дете, мојата (сега бивша) жена сосема ја изгуби волјата за секс. Едноставно, таа никогаш не беше расположена. Неколкуте килограми вишок, или, пак, влакненцата на нејзините нозе, мене воопшто не ми пречеа. Но, кога постојано слушаш –„Моментално немам баш волја!“ – еднаш мора и тебе да ти спласне волјата.“

„Своите желби не можев да ги остварам со нејзе.“

Не сум баш горд на тоа, но во еден момент почнав постојано да размислувам и да мечтаам за одредени работи во кревет. Беа мошне „безобразни“ работи, па не сакав да ги испробам со партнерката, бидејќи тоа ќе ја уништеше мојата слика за неа. Подоцна, своите фантазии почнав да ги исполнувам со други жени.“

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg