Разочарани дечковци: Кој е најлошиот празничен подарок што го добив од девојката?

Верувале или не, постојат љубовни двојки кои раскинуваат поради новогодишните и божиќните подароци. Не верувате? Ако прекинот на врската ви е на ум, слободно купете му на партнерот пакетче чорапи,  бањарка, или, пак, можеби карта за концертот на вашиот омилен пејач. 99% ќе ви успее намерата. 

razocharani-dechkovci-koj-e-najloshiot-praznichen-podarok-shto-go-dobiv-devojkata-1.png

Празниците се ближат, а со нив и (не)задожителното купување подароци за саканите.

Кога се припадниците на посилниот пол во прашање, тие се прилично едноставни суштества. Меѓутоа, токму во едноставноста се крие и нивната комплексна природа.

Што се однесува до подароците, пак, постојат одредени нешта кои дефинитивно не им се на посакуваната листа, иако девојките честопати се убедени во спротивното.

Меѓу нив се и парфемите и средствата за лична хигиена. Мирисите се личен избор на мажите. Како што не сакаат мајките (а ни било која друга жена) да им ја одбира долната облека, така не сакаат ни девојката да им го купи дезодорансот или гелот за туширање, затоа што таа смета дека најмногу му одговара.

Истото важи и за облеката. Кога жените купуваат облека за партнерот, неретко се повеќе сконцентрирани на тоа што ним повеќе им се допаѓа, наместо на неговиот индивидуален вкус и стил. Па, дечкото или сопругот веројатно би им изгледал како моделот од кампањата на Армани, по кого тие воздивнувале гледајќи ги најновите каталози.

razocharani-dechkovci-koj-e-najloshiot-praznichen-podarok-shto-go-dobiv-devojkata-2.jpg

Кои се останатите подароци на кои мнозинството фраери се подеднакво алергични? Дознајте од комичните исповеди на неколку разочарани дечковци, кои јавно ги споделија своите искуства на оваа тема:

„Од првата девојка добив плишан глушец! Образложението ѝ беше дека морала да ми го купи, затоа што таа така ме нарекува - „глувче мое“. Се преправав дека ми е смешно и симпатично кога ми го даде, но подоцна ја фрлив играчката во канта за ѓубре. Пред неа се оправдав дека ја растргнало кучето. Не беше така. Дури и нему му беше ужасен нејзиниот подарок.“

 „Ме почести со шестмесечна членарина во фитнес клуб. Ја прашав дали ми порачува дека треба да ослабам. Рече: „Да!“. “

 „Самата на себе си купи штикли и долна облека, па ми кажа дека тоа бил нејзиниот новогодишен подарок за мене. Првично ми звучеше секси, но подоцна заклучив дека таа е всушност многу себична девојка.“

 „Од саканата добив огромен сребрен ланец. Не знам зошто мислеше дека ќе ми се допадне?! Мене повеќе ме потсетуваше на околувратник за куче.“

 „Ми купи маичка со М величина, мислејќи дека сум толку слаб. Јас носам XL.“

 „Од партнерката добив дигитална рамка за слики, а на секои пет секунди се менуваа нашите заеднички фотографии.“

„Девојката со која се забавував ме изненади со тетоважа во форма на срце. Плус тоа, во срцето ѝ беа истетовирани моите и нејзините иницијали. Беше многу секси и романтичен гест. Меѓутоа, јас планирав да ѝ раскинам! Само чекав да пројдат празниците.“

„Од неа добив рачно нацртана карикатура со мојот лик. Но, направена беше според најгрдата фотографија што ја имам на Фејсбук.“

„Последната книга што ја имам прочитано беше една лектира во основно училиште. A, мојата најнова девојка за празниците ми подари збирка песни од својот омилен поет. Совршено одглумев дека сум трогнат и дека едвај чекам да ја прочитам. Кога им кажав на другарите, умреа од смеа.“

„Добив еден навистина грозен џемпер. Ама, ќе му го подарам и јас на некој од пријателите.“

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg