Емотивно писмо за девојката што го пушти добриот маж да си замине

„Тој ти нудеше мирно море, но ти како да си навлечена на болка, урагани и самоповредување.“

emotivno-pismo-za-devojkata-shto-go-pushti-dobriot-maz-da-si-zamine-01.jpeg

Колку пати и вие сте ја слушнале приказната како некое фино момче ја губи девојката само поради тоа што пред неа бил тоа што навистина е?

Во име на сите добри момци на светот една девојка и испрати писмо на своја познаничка да ѝ ги отвори очите дека тоа што го избркала него од својот животот било еднакво на испуштање на најдобрата работа што ѝ се случила во животот.

Драга девојко што го пушти да замине,

Ќе бидам брутално искрена со тебе, верувај ми, за твое добро е. Тој беше најдобриот маж што го имаш сретнато во животот. Го знаеше добро и знаеше дека ти даде сè што твоето срце посака од него и, сепак, го истурка од својот живот, како тој да не е доволно добар за тебе, го пушти да си замине.

И тој го чувствуваше тоа, твојот студен допир и дистанцата. Но, без разлика колку болно беше тој ризикуваше и беше тука за тебе и правеше сè за да знаеш колку многу му значиш. Но тоа не беше доволно за тебе, нели? Ти сакаше нешто друго, сакаше нешто возбудливо.

Ти си дел од генерацијата која престана да ги цени вистинските вредности и која игра некоја извртена игра. Како да ги сакате најмногу, тие што најмногу ве повредуваат. Веќе никој не се грижи да се предаде некому комплетно и да почувствува вистинска љубов, а кога ја добивате пак не ја цените. И кога вистинскиот тропа на вашата врата, го игнорирате.

Зарем не ја научи лекцијата дека лошите момци прават да страдаш и дека потребен ти е покрај себе човек што ќе те сака без разлика на сè? Тој ќе се бори за тебе без разлика на препреките, ќе биде покрај тебе кога си најранлива, ќе ти ги брише солзите и ќе те тера да растеш.

Тој беше премногу безбеден за тебе. Не ти го кршеше срцето, како што си навикната, со него сè беше многу лесно и здодевно. Со него немаше урагани, само мирно пловење. Но, единствената работа за која тој беше виновен е што те сакаше премногу и ти дозволуваше премногу. Тоа е неговата клетва и затоа го остави.

Но, работата што не ја сфати е дека тој ќе биде добро. Времето ќе мине, раните ќе му заздрават и ќе пронајде некоја што ќе ја цени неговата љубов. И ти дури тогаш ќе сфатиш... Но, тогаш душо ќе биде предоцна.

И запомни дека луѓе како него не се појавуваат секој ден во твојот живот. Тој беше тој што ќе те сакаше засекогаш. Момчето што сакаше да биде со тебе без разлика на околностите. Искрено се надевам дека ќе го сфатиш ова и ќе се обидеш да го направиш вистинскиот избор за себе.

Искрено,
Девојката што задоцни

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg