Сами против себе: 5 грешки со кои си ја саботирате секоја врска

Доколку ви е својствена некоја од овие особини, голема е веројатноста дека вие сте главниот виновник за љубовните фијаска.

sami-protiv-sebe-5-greshki-so-koi-si-ja-sabotirate-sekoja-vrska-1.png

Moжеби е вистина дека немате среќа кога се партнерите во прашање, па баш секој претходен избор ви бил погрешен.

Меѓутоа, ако никако не умеете да одржите нормална, здрава врска, зарем не е пологично дека проблемот лежи токму во вас? Запрашајте се!

Петте грешки со кои самите си ја саботирате секоја љубовна грешка се:

1. Секогаш мора да сте во право.

По игра на случајот, вам постојано ви делува дека сте на страната на вистината. А, како им изгледа на другите? На повеќето луѓе им е едноставно напорно да ве слушаат, особено ако не знаете да се носите со порази.

sami-protiv-sebe-5-greshki-so-koi-si-ja-sabotirate-sekoja-vrska-2.jpg

2. Сѐ треба да биде под ваша контрола.

Секој човек тежнее да има контрола над ситуацијата. Меѓутоа, доколку сте еден од оние партнери чие контролирање ја преминува границата на добриот вкус, тогаш сосема јасно е дека никој нормален човек нема да ве посака покрај себе. Барем не на долги патеки.

sami-protiv-sebe-5-greshki-so-koi-si-ja-sabotirate-sekoja-vrska-3.png

3. Се повлекувате во себе.

Што правите при турбуленции во врската? Се обидувате ли да ги надминете со разговор? Или можеби се повлекувате во себе, чекајќи бурата да помине? Со вториот тип на однесување, оддавате впечаток на личност која всушност нема желба да ги решава проблемите. А, тоа ретко кому е допадливо.

sami-protiv-sebe-5-greshki-so-koi-si-ja-sabotirate-sekoja-vrska-4.png

4. Се одмаздувате.

Доколку некој ве повреди, инсистирате да му вратите мило за драго. Минимум со иста мера! Сепак, некогаш е подобро да се издигнете над ситуацијата, па мирно и достоинствено да продолжите понатаму.

sami-protiv-sebe-5-greshki-so-koi-si-ja-sabotirate-sekoja-vrska-5.jpg

5. Преискрени сте.

Искреноста е доблест. Но, доколку баш сѐ говорите без никаков филтер и задршка, тогаш прашање на време е кога некого силно ќе го повредите. Детската искреност не им прилега на возрасните луѓе. Па, одвреме-навреме е сосема во ред да премолчите нешто кое сте сакале да го изустите.

sami-protiv-sebe-5-greshki-so-koi-si-ja-sabotirate-sekoja-vrska-5.jpeg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg