3 важни работи кои мобилниот телефон ги открива за љубовната врска

Колку често му се јавувате, или, пак, му праќате пораки на партнерот? А, што криете еден од друг во него? Не е сеедно. 

3-vazhni-raboti-koi-mobilniot-telefon-gi-otkriva-za-ljubovnata-vrska-1.png

Независно од емотивниот статус, мобилниот телефон е комуникациска алатка без која е невозможно да се замисли секојдневието.

А, меѓу другото, тој открива и каков е или во кој правец се движи вашиот љубовен однос, многу повеќе одошто можете и да замислите.

3-vazhni-raboti-koi-mobilniot-telefon-gi-otkriva-za-ljubovnata-vrska-2.jpg

Не верувате? Обидете се искрено да одговорите на трите прашања во продолжение, читајќи го објаснувањето за секое од нив:

1. Колку често му се јавувате или праќате пораки на партнерот?

Иако живееме во лудо време, најстабилните двојки секогаш ќе пронајдат време за да се слушнат еден со друг. Сеедно дали преку повик или порака – ним им е само важно да ја оддржат поврзаноста. Од друга страна, ако цел ден немате потреба да го чуете гласот на саканата личност, очигледно е дека некаде постои проблем.

3-vazhni-raboti-koi-mobilniot-telefon-gi-otkriva-za-ljubovnata-vrska-3.jpg

2. Го криете ли мобилниот телефон од партнерот?

Сте се нашле ли во ситуација да го затскривате паметниот уред од втората половина? Веројатно имате тајни што не би сакале да ги дознае, или, пак, обратно. Тоа не мора да значи дека е трета личност во прашање.

Меѓутоа, сепак укажува на недостаток на доверба во врската. Можеби не е толку голем проблем колку прељубата, но треба што поскоро треба да се реши. Сите јаки врски се темелат на искреност и доберба, а потоа доаѓа и сѐ останато.

3-vazhni-raboti-koi-mobilniot-telefon-gi-otkriva-za-ljubovnata-vrska-4.png

3. Колку зачувани фотки имате со партнерот?

Некои личности сосема го избегнуваат чувањето на приватни фотографии во мобилниот телефон. И тоа е во ред.

Меѓутоа, доколку вие или партнерот имате мноштво фотографии со пријателите и останатите драги луѓе, а ниту една заедничка, сосема јасно е дека врската не функционира како што треба.

Можеби сте се оддалечиле, па потребен ви е разговор за да го разрешите проблемот.

3-vazhni-raboti-koi-mobilniot-telefon-gi-otkriva-za-ljubovnata-vrska-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg