Се мажиш затоа што го сакаш или затоа што „ти дошло времето”?

Македонија дваесет и први век, кога светот и целото човештво оди напред, ние како сѐ уште да сме заглавени со еден чуден менталитет и обичаи, кои што едноставно ни се наметнати уште од нашето раѓање. Малку старомодни и за мене апсолутно неприфатливи, поправете ме ако грешам.

se-mazis-zatoa-sto-go-sakas-ili-zatoa-sto-ti-doslo-vremeto-001.jpg

Во разговори со многу мои врсници сум сфатил дека сите растеме со еден ист разговор, според мои мислења многу неправеден, но наметнат како правило кое константно ни се повторува, а гласи вака: „До 30 се мажиш/жениш сам/а, до 35 тие те бираат тебе, а над 35 никој не те сака.”

Не сум стигнал до ниедна од тие критични граници, но едноставно не ми влегува во главата, дали беше возможно луѓето да си ги уништуваат своите животи само за да се вклопат во очекувањата на другите и да не дочекаат да бидат избрани или не дај Боже никој да не ги одбере?

За празниците бевме собрани на домашната трпеза, во аголот светкаа сијаличките на елката, стрина ми имаше ставено декорации на завесите, интересен чаршаф на масата и новогодишен сет чинии. Јадењето беше во изобилие, а надвор прскаше малку снег. Вистинска идила. Ручавме и сите бевме среќни, освен една братучетка на мајка ми, 30 годишна, која неодамна се сврши за познаник од Норвешка. По сите правила, верена жена со таков човек, би требало да биде најсреќна, но нешто ја мачеше.

Стана од трпезата и се упати кон собата на братучед ми. Тргнав по неа да видам дали се е во ред.

„Што ти е, нешто си ми чудна вечерва, ајде не му ја мисли толку, наскоро и ти ќе отидеш кај твојот вереник. Ќе бидете заедно, ќе ти дадат виза и сè ќе биде во ред”. Изговорив јас во обидот да ја утешам, а таа започна да рони солзи.

„Знаеш што е она што ме боли најмногу и што ми тежи на душата. Јас таму го имам само него. Немам пријатели, не знам јазик, немам други блиски. Искрено не знам ни дали реков да, затоа што така чувствував или затоа што можеби од притисокот на домашните чувствував како тоа да е мојот последен воз.

Дали е љубов, дали е од осаменост и очај, дали е за да се задоволат домашните и општеството. Дали јас ќе се омажам од тоа што го сакам или затоа што ми дошло времето?

Тоа е тоа што ме мачи, но сега е веќе доцна за сè, нема назад. Ќе треба да го живеам тој живот и да се обидам да направам најдобро, кога веќе се плашев да не бидам од тие старите моми кои никој не ги бира.”

Ми се втурна во прегратка и ме замоли да поседи така, барем на кратко. Отсекогаш сме си ги доверувале тајните. Не знаев што да и кажам. Колку и да сметав дека тој е добар човек, таа беше во право. Дојде и буквално ја зеде, баш како што таа опиша се качи на возот, но дали беше последен?

Дали животот завршуваше ако како неа, не се омажиш до 30. Дали постоеше некој нов, оној со кој ќе испишеш убава историја од почеток или во тоа време мораше да се преземат такви очајни мерки.

Дали луѓето кои нема да склучат брак се грешници?

Познавав многу пријатели во Германија кои не веруваа во брак и имаа деца, притоа живееа заедно, но никогаш не официјализираа. Зошто кај нас беше принудено, зошто беше исфорсирано. Зошто да се ронат такви солзи, зошто таква непотребна болка?

Познавав и луѓе кои не беа во брак, па повторно беа среќни, со својата дефиниција за среќата.

Ова бреме го носеа и оние кои беа во врска, па не ја прекинуваа за да не останат сами и да не бидат од тие неодбраните, без разлика колку врската беше токсична. Тоа беше товар и за оние во брак кои остануваа во него само за да не биде срамота за општеството, без разлика колку нивниот живот беше за никаде.

Како да живеевме за да сме во заедница, за нашите да бидат среќни. За да не ни додеваат постојано на главата, кога свадба, кога деца, кога ова, кога она. Како да живеењето сам, да беше грев. Гревот на сингл луѓето во Македонија во 21 век, за среќа или за жал, така беше.

Додека другите веруваа дека има последни возови, јас верував дека постои начин секој да ја креира и дефинира среќата, за тоа не беа потребни непланирани патувања, со возови во погрешни или можеби подобро речено непознати правци.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg