Дали човек можеше да сака два пати во животот?

Во позадина одеше некоја акустична верзија на новите песни на Ед Ширан, се сеќавам дека имав извадено албуми со фотографии. Заедно со таа меланхолија создадена од сијаличките на елката и текстот на феноменалната музика на Британецот, трепереше мојата душа. Кинев фотографии, стари, со личност која веќе не е дел од мојот живот. Не сум се почувствувал така живо многу одамна.

dali-covek-mozese-da-saka-dva-pati-vo-zivotot-001.jpg

Ох, Боже кое ослободување. Ми доаѓаше да се вратам неколку години назад и да си залепам една силна шлаканица, толку силна што ќе ми се преврти мозoкот, за да ми се отворат очите и да ми дојде паметот на место.

Да сфатам каде сум и што правам и зошто се жртвувам себеси, зошто жалам некој кој не е за жалење. Луѓето обожаваа да изигруваат жртви, да те наместат, за едноставно целата вина да ја сносиш ти, иако целосно невин, а јас како наивна, добродушна будала, ги чував нивните емоции во стаклено ѕвоно. Будала.

Нема причина за жалење или не дај Боже каење, само тој бес мора некаде да се истроши, секако мојата способност беше тоа да го правам преку моите зборови.

За прв пат после долго време празниците ќе ги поминам со љубовен статус сингл. За прв пат мојата енергија ќе биде насочена на вистинското место, кон моето семејство, оние кои како да ги подзаборавив додека бев „заљубен”. За прв пат можам да кажам дека научив многу, од најголемиот учител, животот.

После толку години како прв пат да се запознавам себеси. Знаете како годината која измина да ми покажа каде припаѓа мојата душа, глупаво би било да речам пораснав, но тоа навистина го мислам. Пред некој ден ме обвинија дека сум нарцис, кога кажав да можам би се прегрнал себеси, за храбрите одлуки кои едноставно морав да ги донесам. Но, тоа го чувствував, а многу пати досега сум сфатил не можеш против чувствата.

Додека јас ги доживував тие експлозии кои ме туркаа нагоре и ме правеа посилен, луѓето имаа приказна, секој ден нова, обидувајќи се да ми наштетат, која од која посочна. Сакаа да уништат сè она што сум градел со години. Да ја измислат тагата, која не постоеше. Да раскажат колку мене ми е тешко и колку тагувам, затоа што сум сам, а таа со некој друг.

Тогаш ми дојде да се запрашам, зарем дијамантите имаат причина за плачење?

Не го велам тоа од себе фалење, ниту пак од скромност. Тоа беше реалноста. Зошто да жалиш за нешто што те влечело надолу. Зошто да жалиш некој чија повратна врска си се обидувал да ја поправиш со години, а едноставно не оди.

Луѓето не се менуваат, колку и да тврдат дека ќе се променат. Колку и да се обидуваш, такви се какви што се. Дадени од Бога, воспитани од дома. Тие се и нема промени, можни се маски и лицемерие, но на дното секогаш ќе биде она што било отсекогаш.

Од технички аспект гледано, системот без повратна врска е осуден на пропаст и тука не можеш да помогнеш, иако си пробал, многупати.

Си мислам со цел памет, бидува ли да жалиш нешто токсично? До каде им оди јазикот и како им дозволува интелигенцијата да измислуваат и помислуваат работи кои не постојат. Зарем оваа насмевка, искрена, и ова тело кое никогаш не се движело во вистинскиот ритам не е доказ или мораше да има драма. Секогаш драма и никогаш доста од неа. Како луѓето да живееа да ја создаваат дури и онаму каде што ја немаше.

Тука сум, посреќен од никогаш, посилен од порано, поискусен и поучен од сè она што некогаш беше. Се смеам, искрено, од дното на душата, не за да ме видите, туку затоа што имам толку силни емоции од луѓето околу мене кои едноставно ме прават среќен. Не е тоа доволно?

Сјаам, во секој поглед и не ми е потребен никој од минатото за да се чувствувам така. Едноставно беше, не ти требаат луѓе кои не можат да чекорат крај тебе. Јасно како ден и тогаш добиваш одговор на сите прашања кои те мачеле.

Дали се плашам од иднината?

Не, само чекам да дојде за да се соочам.

Дали требаше да се раскине после толку години иако постоеше ризик да останеш сам?

Апсолутно, без двоумење. Секогаш кога ќе се почувствуваш несреќен, бегај од таму, макар поминале и сто години. Тие мисли не се раѓаат без причина. Сам не останал никој, освен оној кој што не сакал да биде сам. Зошто зборот сам на сите им звучеше страшно, баш беше симпатичен.

Дали човек можеше да сака два пати во животот?

Секогаш ќе се најде некој кој ќе ти го отвори срцето и ќе те натера повторно да се заслепиш, иако овој пат многу повнимателен. Ќе се затрескаш повторно, како онаа будала од погоре што заслужува шлаканица. Не уште еднаш, ако има потреба уште сто пати, се додека не ја најдеш среќата.

Дали постоеше живот после болката?

Секогаш. Таа поминува, можеби ќе треба време. Но дај му време на времето и се ќе дојде на свое место!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg