Зошто ни е толку тешко да бидеме моногамни?

Запознавте нова личност која прави да се чувствувате неверојатно и како магнет ве привлекува? Дишете длабоко, вашата врска вреди повеќе од задоволувањето на овој импулсивен нагон.

zoshto-ni-e-tolku-teshko-da-bideme-monogamni-01.jpg

Освен ако со партнерот не живеете во изолирана колиба на планина, знаете дека животот е полн со искушенија, па на моменти навистина е тешко да се остане моногамен.

Не постои гаранција дека привлечноста кон некоја личност нема да ве предизвика да направите неверство и да ѝ наштетите на нашата врска.

Можеби си велите „Не, не јас“, вие го обожавате партнерот и задоволни сте од вашиот однос, но некогаш во животот голема е веројатноста дека ќе дојдете во вакво искушение. Се разбира, ваше е да успеете да одолеете.

Но, што велат истражувањата, зошто ни е толку тешко да останеме моногамни?

Според податоците неверствата во бракот најчесто се случуваат со некој близок пријател, колега/ колешка од работа или долгогодишен познаник неочекувано поради некое чувство на специјална конекција.

Истражувањата, исто така, тврдат дека поголемиот дел од луѓето направиле неверство или биле изневерени во текот на животот. Главната причина е поради тоа што тешко е да бидат задоволени очекувањата и за романтична и за сексуална комплетна сатисфакција од една личност. Понекогаш не можеме да најдеме сè што бараме на едно место.

Година за година неверствата остануваат причина број еден за крај на најголемиот дел од врските и браковите во светот и многу луѓе што направиле неверство дури предоцна ја почувствувале цената што треба да биде платена за овој чин.

zoshto-ni-e-tolku-teshko-da-bideme-monogamni-02.jpg

Мора да признаеме дека партнерот не може да ги задоволи сите наши желби наеднаш (но, и ние нему) и се случува да почувствуваме привлечност кон некоја друга личност од нашата околина, но дали вреди за една куса авантура да уништите врска полна со љубов и почит? Дали вреди да го напуштите вашиот начин на живот за нешто импулсивно и минливо?

Важноста на моногамијата е огромна, иако луѓето кои се поддржувачи на таквите „немоногамни“ врски, каде со согласност партнерите смеат да имаат романтични и сексуални врски надвор од бракот/врската, велат дека во моногамните врски има многу љубомора, контрола и надгледување на партнерот, па е невозможно да се ужива.

zoshto-ni-e-tolku-teshko-da-bideme-monogamni-03.jpg

Но, дали е навистина така? Што мислите вие, што е пофункционално? Кој е вистинскиот рецепт за љубовта да опстане до крајот на животот?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg