Денот кога момчето ме изневери е истиот ден кога се разбудивме заедно, имавме секс и ми направи појадок


Денот кога момчето ме изневери е истиот ден кога се разбудивме заедно, имавме секс и ми направи појадок

Денот кога моето момче ме изневери, имавме секс. Се разбудивме утрото и влеговме под туш. Тој ме смееше. Се исушивме и тој ме одвлечка до креветот. Имавме секс, мократа кожа ни се допираше. Уживав.

denot-koga-moeto-momche-me-izneveri-so-zhena-koja-ne-ja-zapoznal-01.jpg

Денот кога моето момче ме изневери, си ја сушев косата во долна облека, седејќи на неговиот кревет во индиски стил. Ми направи појадок. Кајгана со половина портокал од страната. Ги обожавав неговите појадоци.

Денот кога моето момче ме изневери, ми испрати гола слика. Без причина. Го обожавав неговото тело. Сликата беше од неговото тело, а перницата стратегиски поставена го покриваше половиот орган. Посакував да ја немаше перницата.

Денот кога моето момче ме изневери, му пишав порака и го прашав дали сака да дојде кај моите родители на ручек. Двајцата живеевме далеку од родителите. После 1 година заедно, конечно ги запознав неговите таа недела. Тој кажа дека многу би сакал да дојде на ручек.

Денот кога моето момче ме изневери, отидов дома после работа. Спакував торба за преспивање. Отидов во теретана. Му се јавив да му кажам дека доаѓам. Тој готвеше вечера. Лосос.

Денот кога моето момче ме изневери, јас не бев единствената која доби гола слика од него. Тој ја испратил и на Мери. Немаше презиме во неговиот телефон. Само Мери. Ја запознал на веб сајт за љубовни состаноци пред да се сретне со мене во собата каде заедно работиме. Мери му праќала голи слики речиси 1 месец. Тој ден, одлучил и тој да учествува. Подоцна, ѝ пратил порака „Се обидувам да те сфатам“.

Денот кога моето момче ме изневери, не го сфатив сето ова. Знаев за пораката. Ја видов во телефонот. Го прашав која е Мери додека сечевме риба. Тој се бранеше. Јас заминав. Тој ме бркаше до лифтот. Ја оставив вратата да се затвори. Тој ме остави да си заминам.

Денот после денот кога моето момче ме изневери, дојде во мојот стан. Зборувавме. Ми кажа дека никогаш веќе нема така да зборува со друга девојка. Ме бакна. Ме прегрна. Пушти солза на моето чело. Беше многу висок.

Два дена после денот кога моето момче ме изневери, ја сфатив ненамерноста во голата слика која ја добив. Го натерав да признае. Дали ѝ прати на Мери слика, прашав. Да, но само од мојот стомак, рече тој. Му кажав никогаш веќе да не ме бара. Му го блокирав бројот.

Три дена после денот кога моето момче ме изневери, сакав да умрам. Секоја секунда која ја поминав во неработење, бев пијана. Во мојот кревет. Му го одблокирав бројот за да му пишам дека го мразам. Не добив одговор.

Една недела откако моето момче ме изневери, тој ми пиша. Ми кажа дека му е жал. Кажа дека тоа што го направил било погрешно. Но кажа дека не сум требала да му го проверувам телефонот. Две грешни работи, не ја исправаат работата. Тој рече дека делото не соодветствувало на казната. Јас му ја испратив сликата „само од неговиот стомак“ (уште мислам дека тоа е смешно).

Недела ипол откако моето момче ме изневери, се опијанив во бар. Една жена ме нашла како лежам на тротоар. Ми викнала такси. Се разбудив во болница. Му ѕвонев 5 пати. Тој не се јави.

Две недели откако моето момче ме изневери, тој ми пиша. Ми кажа дека му недостасувам многу. Јас му реков, „ужасно е, нели?“, тој кажа да. Го прашав зошто го направил тоа. Тој кажа дека бил изгубен. Не сакав да слушам.

Еден месец откако момчето ме изневери, тој ми пиша повторно. Ме праша дали може да зборуваме. Рече дека морал да ме види. Ми кажа дека уште ми се кај него чевлите што ги имав оставено. Ги сакав чевлите. Реков добро.

Еден месец и два дена откако моето момче ме изневери, не можам да сфатам дали тоа што го направи, се важи за изневерување. Никогаш не сум била физички изневерена, па не можам да кажам дали е исто чувството. Но сепак е чин на неверство.

Ако беше потребно време, размислување и физички контакт за изневерување, сега телефоните и социјалните мрежи ги замаглуваат линиите. Сега секој е заробена порно ѕвезда на својот Инстаграм профил и имаме пристап до секого, во секое време.

Ние сме нечувствителни. А, да се биде неверен е многу лесно. Праќаме слики кои исчезнуваат, пораки кои се бришат. Гледаме голотија секој ден – многупати луѓе кои ни се блиски, а понекогаш само од познаници.

Чудно, на некој начин ми е мило за тоа што се случи. Иако за смртта на мојата врска можам да ги обвинам телефоните заради нивниот лесен пристап и сексуални можности, всушност јас бев заљубена во ужасен човек кој нема почит, и не морав да чекам да се омажам и да имам две деца за тој да се усоврши и да собере храброст и физички да ме изневери.

Би можело да ве интересира:

9 невистини за жените во кои мажите сè уште упорно веруваат Во сложениот свет на машко-женските односи сè уште се бориме со одредени стереот...
10 работи кои жените не ги поднесуваат кај мажите Веќе сме свесни дека стриите, целулитот, темниот кармин или вештачките трепки нè...
3 лаги што си ги кажува секоја жена која мисли дека знае сè за мажите Некои од овие митови започнуваат уште во средно училиште, други се резултат на с...