5 фактори кои влијаат на женскиот оргазам (+18)

Не секогаш е лесно да се постигне максимално сексуално задоволство кај жените. Многу фактори влијаат врз достигнувањето на врвното задоволство, односно оргазмот.

5-faktori-koi-vlijaat-na-zenskiot-orgazam-18-001.jpg

Постојат многу митови кои се однесуваат на оваа тема, но што точно се случува кога една жена достигнува оргазам?

Наједноставно кажано – го достигнуваме врвот на личното задоволство. Зборуваме за топлина, чувство на уживање, ослободување на ендорфини, еуфорија и целосно опуштање на телото и умот.

И жените, исто така, можат да ејакулираат како и мажите, доколку почувствуваат посилен и поинтензивен оргазам.

Иако постои природен извор на задоволство во нашето тело, за многу жени достигнувањето на овој врв се чини недостижен, до точка на сомнеж дека можеби страдаат на аноргазмија (неспособност за доживување оргазам).

Сепак, постојат фундаментални фактори кои го условуваат женското задоволство.

Прочитајте нешто повеќе за оние фактори кои го олеснуваат достигнувањето на оргазмот:

Возраста

Повеќе од очигледно е дека со годините сексуалниот живот станува сè подобар, а вистината е дека како стареете ќе научите подобро да уживате во задоволствата кои ви ги нуди животот.

Ова претставувало фокус точка за време на истражувањето кај сите возрасни групи на жени, кое покажало дека средовечните жени имаат повисок процент на достигнување оргазам во споредба со 20-годишните девојки.

Во прилог секако оди и поголемата свест за сопственото тело, а секако влијаат и други фактори поврзани со возраста, како што се комуникацијата со партнерите и самодовербата.

Накусо: исто како и доброто вино, и ние се подобруваме со стареењето.

5-faktori-koi-vlijaat-na-zenskiot-orgazam (1).gif

Анатомијата

Факторот анатомија воопшто не треба да се потцени. Кога зборуваме за сексуален однос, секогаш треба да се имаат предвид машката и женската анатомија, кои се сосема различни.

Обликот на интимните делови, се разбира, може да влијае врз постигнување на оргазам, барем за време на пенетрацијата.

Но, за среќа, мастурбацијата и оралниот секс решаваат низа проблеми поврзани со овие „ограничувања“. Затоа, имајте го на ум целиот спектар на опции, вклучувајќи ги и сексуалните играчки за да постигнете задоволство.

5-faktori-koi-vlijaat-na-zenskiot-orgazam (2).gif

Самодовербата

Залудно си го трошите времето кога не се цените себеси, немате доверба во сопствената привлечност и сметате дека не заслужувате да уживате кога станува збор за сексот. Тоа е дефинитивно губење на време.

Треба да знаете како да се сакате првенствено себе. Потребно е да се посветите себеси, да мастурбирате, да го спознаете сопственото задоволство и, пред сè, да си се допаднете себеси.

Ова ги зголемува можностите за постигнување на квалитетен оргазам. Сексуалната самодоверба овозможуваме комплетно уживање без никаква грижа на совест и предрасуди.

5-faktori-koi-vlijaat-na-zenskiot-orgazam (3).gif

Способноста за концентрација

Концентрацијата, особено денес, воопшто не е лесна работа за постигнување. Во главата ви се повторуваат секојдневните проблеми, како и обврските што треба да се завршат.

Очигледно прашањата како ШТО, КАКО, КОГА, ЗОШТО, КАДЕ И СО КОГО предизвикуваат огромен неконтролиран хаос во вашата глава.

Обидете се да се фокусирате на телесниот контакт помеѓу двете тела, на допирот од вашиот партнер, неговиот мирис и полека препуштете му се на уживањето.

Не е лесно да се исклучи мозокот од секојдневните проблеми и можеби на почетокот ќе имате проблем да се фокусирате на вашите чувства и емоции, но мозокот е мускул кој колку повеќе се вежба толку подобро функционира и памети.

5-faktori-koi-vlijaat-na-zenskiot-orgazam (4).gif

Можноста да се искажете невербално

Некои жени навистина имаат проблем да кажат јасно и гласно што им се допаѓа и што ги возбудува помеѓу чаршафите.

Но, постои решение – пишување секси пораки. Со пораките лесно можете да го искажете она кое ви недостига или имате желба да го испробате во креветот.

Воедно, ќе создадете и одлична атмосфера и предигра пред самиот сексуален чин. Па жени – телефоните в раце, време е за секси пораки.

5-faktori-koi-vlijaat-na-zenskiot-orgazam (5).gif

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Пози за мастурбирање за жени што ќе ви покажат дека (понекогаш) и не ви треба партнер (18+) Легнете на стомак и ставете една или две перници во пределот под стомакот и колк...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Што мразат жените во кревет и уште 6 прашања за сексот што мажите се плашат да ги постават (18+) Дали жените уживаат во орален секс, зошто тешко доживуваат оргазам и дали чувств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg