Знаци дека таа ве напушта

znaci-deka-taa-ve-napusta-povekjeЗошто жените ги оставаат мажите? Затоа што се заљубиле во некој друг, затоа што тие не им ја покажуваат доволно својата љубов, затоа...


...што ги изневериле, затоа што сексот повеќе не е добар, затоа што тој ги заборава важните датуми...

Ако нешто почне да шкрипи во врската која до тогаш функционирала беспрекорно, можно е таа да изгубила интерес за него.

znaci-deka-taa-ve-napusta

Кога ќе почне да ви дозволува да ја носите кошулата која до тогаш ја мразела, вие можеби ќе помислите дека ви се доближиле вкусовите, додека таа често ќе го погледнува омразениот дезен и така дополнително ќе ја потврдува својата одлука да ве напушти.

Бидете внимателни кога ќе престанат расправиите – и тоа значи нешто. Можеби ќе помислите дека конечно сте воспоставиле доминација, но би можеле непријатно да се изненадите кога ќе видите дека неа воопшто не ја интересира вашето мислење. Многу и е полесно да каже едно „аха“ отколку да троши енергија на објаснување.

Мажите сакаат да помислат дека жената не се разбира во работата која тие ја работат. Тука се крие една голема грешка. Кога жената е заљубена, таа е заинтересирана за сè што е  поврзано со таа личност – неговата работа, мисли, идеи, планови.

Кога ќе дојдеме до подрачјето на еротските фантазии, приказната станува „пипава“. Престанокот на физичката комуникација е многу сложена работа. Нејзината рамнодушност најпрвин се открива по тоа што нејзината рака е сè поретко на вашето рамо, во вашата рака, или пак околу вашиот врат.

Така од ден на ден – сè додека не престане да ви се јавува. Некој непромислен маж ќе помисли дека конечно се вразумила и не му зврцка секој час, меѓутоа ако телефонот не ѕвони со денови, ќе му стане јасно за што се работи.

Телефонирањето без причина во било кое време, јасно говори дека мисли на вас. Кога ќе престане, опасно е...

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg