Раскинување - смирување

raskinuvanje-smiruvanje-povekjeСте биле во врска, па сте се скарале и сте раскинале, па тој се јавил (или пак таа), па имало уверувања дека се ќе се смени, дека овој пат ќе биде...


...сè подобро, само повторно да бидете заедно...

И, бидејќи сè уште не сте ја преболеле таа љубов, сте се согласиле.

raskinuvanje-smiruvanje

Меѓутоа не било сè подобро (можно е и баш ништо да не се сменило), па повторно сте раскинале. Следела нова тура повици, извинувања, убедувања, можно е и подароци, па повторно сте се обиделе...и повторно сте раскинале. А потоа... Ви звучи познато?

Новиот обид по раскинувањето, особено често го прифаќаат девојките (односно момчето е тоа кое се јавува и ветува промени, а девојката се согласува на неговите желби).

Причината за ваквото женско однесување е тоа што чувствуваат дека нешто му должат и нему и на врската - чувствуваат обврска да му дадат уште една шанса, па уште една и уште една...

Голем број девојки така се однесуваат дури и ако момчето е насилно со нив (насилниците не треба да се прифатат, тоа не е доказ на љубов, тоа е доказ дека љубов нема).

Меѓутоа, дури и ако во врската не постоело насилство, не значи дека имате обврска да дадете уште една шанса. Од договорот нема ништо ако само едната страна се придржува кон него.

Значи, дали да се даде уште една шанса?

Да, ако мислите дека може да се успее. Но, ако тоа не оди, оставете го обидот зад себе. Не гледајте го напуштањето на врската како неуспех, туку како добар чекор кон успехот и слободата.

Ослободени од врската што не функционира имате шанса да пронајдете соодветен партнер.

Какво е вашето искуство? Слободно пишете ни во коментарите.

Би можело да ве интересира:

5 (важни) факти за женскиот оргазам (18+) Знаевте ли дека некои жени не можат да доживеат оргазам само со пенетрација? За ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Мојот нов партнер немаше идеја како да ме задоволи во кревет - што направив јас?“ (18+) „Забележав дека вистински се труди да ми приреди задоволство, но неговите прсти ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg