Пријатели за секс?

prijateli-za-seks-povekjeВо традиционалното, патријалхално опкружување секс-шемата (кога двајца се гледаат само поради секс – во целата работа не се вклучени парите...


...туку тие откриле дека единствено сексот добро им функционира, додека врската - никако) би била, барем јавно, незамислива.

Меѓутоа како што се менува нашето општество, се менува и поимот за социјално прифатливо однесување.

prijateli-za-seks

Сè уште за повеќето е поприфатливо мажот повремено да се гледа со некоја жена само поради секс, додека жената, ако така се однесува, ја нарекуваат со погрди имиња.

Сепак, и тоа се менува и жената сè почесто се однесува како мажот, а при тоа не предизвикува посериозни коментари од околината.

Сето тоа е познато. Помалку е познато дека, независно од коментарот на околината, мажите и жените имаат, колку и да звучи тоа изненадувачки, сличен пристап кон ваквиот однос.

Мажите за секс шемата не размислуваат многу. Некои не ја прифаќаат, затоа што со жената сакаат нешто повеќе од секс, а ако тоа не можат да го имаат, тогаш ниту сексот со неа не им значи.

Многумина сепак ќе прифатат таков однос, особено ако немаат партнерка - тоа е прифатлив начин за „тепање“ време и опуштање додека не дојде личноста со која ќе воспостават подлабока емоционална врска. Исто така, многумина ќе помислат, кога жената ќе покаже дека е подготвена за таков однос, значи дека се добри љубовници.

Оние мажи кои што свесно размислуваат, свесни се дека жената што ги одбрала за секс врска, ги одбрала затоа што сексот со нив и е добар и во моментот не можела да најде ништо подобро (слично како што и тој влегува во таков однос затоа што во моментот не успеал да најде партнерка за нешто подобро), нешто што емотивно ќе ја исполни.

Во тие неколку часа исполнети со секс таа или пак тој ќе се чувствуваат помалку осамено. И на мажите и на жените полесно ќе им помине времето додека да ја најдат вистинската личност со која што ќе воспостават комплетна врска.

Единствено што можеби жените се надеваат дека од таа секс - шема може да произлезе нешто повеќе, дека можеби ќе се покаже дека личноста со која што побарале малку утеха ќе излезе дека е „оној вистинскиот“ (кај мажите ова е поредок случај).

Ваквиот однос, на некој начин е тажен, преставува делење на тагата што животите не се подобри и што во нив ја нема вистинската личност.

Секс - шемата преставува и признавање на поразот – барем во тој момент неуспешен обид да се најде нешто подобро и меѓусебно тешење поради тоа.

Општо прифатено е дека секс - шемата може да послужи додека да се најде нешто подобро.

Би можело да ве интересира:
Работи кои сите ги прават во хотелска собаРаботи кои сите ги прават во хотелска соба...
Иако дома е најубаво, сепак има некоја магија во тие хотелски соби која нè тера да правиме работи шт...
Како успешно да одржите врска на далечина?Како успешно да одржите врска на далечина?...
Често кон овие врски настапуваме позитивно и со мислата дека нема да имаме никаков проблем. Сето тоа...
Заборавете на предрасудите - разведените мажи можат да бидат одлични партнериЗаборавете на предрасудите - разведените мажи можат да бидат одлични партнери...
Бракот може да заврши од разни причини, а тоа не секогаш значи дека мажот бил неверен, како што најч...