Љубов и секс
Го чекате принцот на коњ?

Лори Готлиб, автор на книгата 'Marry Him: The Case for Settling for Mr Good Enough' и 40-годишна самохрана мајка, ги советува жените постари од...

 

... 30 години наместо да го чекаат 'Принцот на бел коњ', да се задоволат со г-динот "Сегашен" или со г-динот "Доволно Добар".

go-cekate-princot-na-konj1

Оваа писателка вели дека жените кои се наоѓаат во својата 30та и 40та година, не сакаат да го признаат ваквото тврдење, но веројатно помеѓу успешната кариера и поголем стан - тие највеќе од се' сакаат сопруг.

"Од нас се бара да мечтаеме за некоја голема љубов. Растеме идеализирајќи го бракот, но да сме можеле реално да ги разбереме неговите маани и негативни страни, можеби би направиле нешто поинаку", вели Лори и додава дека често мечтаеме дека некоја романтична љубов ќе се појави и комплетно ќе не' исполни.

"Но, бракот со г-дин Доволно Добар, може да биде подеднакво успешен, поготово ако барате посветен животен партнер. На добар брак, не е неопходно да претходи романтична и долга врска.

Бракот не е славење на страстите; тој првенствено е формиран како многу мала и лесто досадна, непрофитабилна работа. И тоа го кажувам во позитивна конотација", заклучува Лори.

Многу луѓе не би се сложиле со Лори, туку напротив - би рекле дека бракот треба да е крунисување на љубовта, страстите и желбата за заеднички живот. Можеби во бракот после подолг временски период навистина не се основа на оние почетни страсти, но сепак треба да се основа на хармонија, интима и блискост на фамилијата.

Некои луѓе стапуваат во брак разумно, со некој со кој себе си може да се видат во сигурна брачна иднина, некои влетуваат во него спонтано и импулсивно, надевајќи се дека тоа е правиот партнер за нив.

Едноставно, правила не постојат!

Коментари (2)Add Comment
...
напишано од Ema, 02 February 2010
Najcesto konjot doaga,a ne princotsmilies/tongue.gifsmilies/tongue.gifsmilies/tongue.gif
...
напишано од lolo, 26 January 2010
smilies/kiss.gifsmilies/kiss.gif

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Онака

" Никогаш не се изневерувај себеси. Никогаш не се ограничувај... следи ги особеностите на твојот дух кои те влечат... "
Вероника Канингем