Некогаш во твојот свет некој е далеку на неколку дена... И иако имаш еден куп луѓе околу тебе кои те сакаат, секогаш се тука за друштво, тебе пак светот ти е празен. Има моменти кога неговото отсуство станува сѐ поприсутно, го чувствуваш во воздухот, секоја работа те потсетува на него. Мислиш дека го заменуваш вниманието кое може да го имаш од десетици мажи за (не)вниманието на еден. И воопшто не ти е криво заради тоа. И пак и пак, само еден во мислите...