Совети и предлози за совршен есенски маникир

Негуваните нокти отсекогаш биле одраз на женската убавина и елеганција, па не е ни чудо што живееме во доба на долги нокти, без оглед дали тие се овални, шпиц или квадратни.

soveti-i-predlozi-za-sovrsen-esenski-manikir-01

Идеалниот есенски маникир на секоја девојка треба да вклучува неутрални и есенски тонови, но и темни, впечатливи нијанси по кои се препознава ова годишно време.

Играјте си и со многу детали, додатоци, дезени, контрасти...

Како до идеален маникир со малку вложен труд?

- Запаметете дека темните бои изгледаат совршено на кратките нокти, а деталите и неутралните бои се совршени за овални и долги нокти.

- Проверете која големина и форма на нокти ви е најиздржлива и најпрактична пред да ги обликувате.

- Целосно негувајте ги рацете пред самиот маникир. Подгответе домашна купка, намачкајте ги со крема против стареење, средете ги кутикулите, па дури тогаш преминете на ноктите.

- За да се осигурате дека маникирот ќе ви трае доволно долго, нанесувајте хранлива подлога. Ќе ги зачувате и ноктите од лупење, а и лакот нема да го изгуби својот сјај по само неколку часа.

- Откако ќе го нанесете лакот, стрпете се лакот да се исуши целосно. Ако има потреба, нанесете и втор слој, па потоа декорирајте.

Ова се неколку забавни идеи за совршен есенски маникир кои може да ги испробате уште денес:

Би можело да ве интересира:

6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
Хит есенски тренд: Облека со боја на банана – како да ја комбинирате? (фото) Бојата на банана одлично се вклопува со останатите есенски бои, а бидејќи е посу...
24 идеи како да носите капути од еко крзно оваа зима (фото) Кратки, долги, меки како ќебенце или како јамболија, еднобојни, со шари, во клас...
8 чести грешки во изгледот со кои несвесно си додаваме години Многу тенки веѓи, огромни и впечатливи ѓердани и штикли и чанти во исти бои – со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg