Скапата козметика заменете ја со домашна крема против брчки

Заборавете на скапата козметика и подгответе си домашна крема против брчки од само 6 состојки кои ќе ве чинат многу поевтино.

skapata-kozmetika-zamenete-ja-so-domasna-krema-protiv-brcki-01

Потребно ви е:

  • 2 лажици пчелин восок
  • Половина лажичка мед
  • 50ml масло од авокадо
  • 50ml дестилирана вода
  • Етерично масло по желба
  • 1 лажица боракс

Бораксот е природен минерал, односно борна киселина во форма на прав. Има антисептични својства и одлично ја чисти кожата.

Авокадото ќе ја зацврсти кожата и ќе ја направи еластична.

Етеричните масла ја хранат кожата и и даваат сјај, додека медот ја омекнува и ја прави визуелно помлада.

Подготовка: Во длабок сад, на тивок оган растопете ги пчелиниот восок и медот, додека не се соединат. Додадете го маслото од авокадо. Мешајте и пред смесата да зоврие тргнете ја на страна.

Во друг сад разредете го бораксот со водата и етеричното масло, па потоа добро загрејте ја течноста. Кога добро ќе се олади, измешајте ги двете смеси со миксер.

Добиената крема префрлете ја во кутија од стара крема и чувајте ја во ладилник. Користете ја секое утро и секоја ноќ, на чисто лице.

Би можело да ве интересира:

7 парфеми со кои мирисот на летото можете да го носите и преку целата година Летото важи за еден од најбезгрижните периоди во годината, кој мириса на море, к...
Ретро кломпите се враќаат во мода оваа пролет ’24 – подгответе се да ги гледате насекаде Дали сте подготвени да ги гледате кломпите во секојдневни, модерни комбинации? „...
Облека и модни додатоци со кои си додавате години (ако не ги комбинирате правилно) Црните фустани се класика со причина, но поради контрастот што го создаваат, мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg