Седум трикови кои секоја жена треба да ги знае (фото)

Веројатно често ви се случуваат некои ситници кои страшно ве нервираат, но не знаете како на едноставен начин да се справите со нив.

sedum-trikovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-foto-01

Сигурно многупати кога носите поотворена маичка од некоја страна ви ѕиркаат прерамките на градникот или сакате набрзина да се налакирате и токму тогаш не можете да го отворите шишенцето со лак или ногавиците на панталоните ви се широки, а сакате да ги ставите во чизмите.

Сите тие мали ситници, секоја жена може да ја извадат од кожа. Но, решенијата за сите нив се многу едноставни.

1. Пеглање со преса

Ако се брзате и треба само набрзина да ги испеглате рабовите на кошулата, нема потреба од посебна штица за пеглање и да ја загревате пеглата за алишта. Доволно е со пресата која претходна ја користевте за косата, еднаш или двапати да поминете по рабовите на кошулата и подготвени сте за излегување.

sedum-trikovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-foto-1


2. Нитна за прерамки

Ова е решение кое ќе им се допадне на многу девојки. Нема потреба веќе да се грижите дали од убавата розева маичка со гол грб ќе ви се појави белата прерамка на градникот. Доволно е да зашиете мала нитна која се закопчува и да ја фатите прерамката, па слободно да се движите без грижа.

sedum-trikovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-foto-2


3. Безбоен лак за бижутерија

Сите девојки имаат куп накит кој е од евтин материјал, но со интересен украс кој може да го комбинирате со различна облека. Но, сите тие прстенчиња со шарени камчиња брзо потемнуваат и го губат сјајот. Затоа штом ги купите, премачкајте ги со безбоен лак за нокти и ќе бидат заштитени.

sedum-trikovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-foto-3


4. Гумено ластиче за да отворите лак

Ако не можете да го отворите лакот за нокти, доволно е само околу капачето да намотате гумено ластиче и да се обидете уште еднаш. Сигурно ќе успеете да го отворите.

sedum-trikovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-foto-5


5. Преса за локни

Пресата за коса не служи само за исправување на косата. Може да ја искористите и за убави локни на краевите од косата. Наместо да ја влечете надолу, фатете ги врвовите и виткајте го праменот околу пресата нагоре. За брзо време ќе добиете прекрасни локни.

sedum-trikovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-foto-4


6. Широки фармерки во чизми

Завратете ги ногавиците на крајот, припијте го долниот дел околу ногата и врз нив облечете повисоки чорапи кои ќе ги држат прицврстени на едно место и лесно ќе можете да ги ставите во чизмите.

sedum-trikovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-foto-6


7. Памучни марамчиња

Ако косата ви е наелектризирана и разлетана на сите страни, потребно ви е само суво памучно марамче со кое ќе поминете по должината на косата и ќе имате средена и мазна коса.

sedum-trikovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-foto-7

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg