Широки, тесни, долги, шарени...10 здолништа кои мора да ги имате

Сите знаеме дека црниот фустан, белата кошула и старите добри фармерки се нешто што секоја жена би требало да го има во својот плакар.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-01

Но, кога станува збор за здолништата, често знаат да бидат запоставени иако нудат огромен број комбинации.

За да можете во секоја прилика да ги комбинарите на различни начини, постојат 10 здолништа кои секоја девојка мора да ги има во својот плакар.

Широки или тесни, куси и долги, шарени или еднобојни, важно е да ги имате, а потоа лесно е да ги комбинирате.


1. Здолниште со крој како буквата А

Тесни во струкот, се шират од горе надолу и потсетуваат на изгледот на буквата А. Ги има во различни должини, а со интересните светли бои, идеални се за оваа пролет.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-1


2. Тесно здолниште со средна должина

Ова е идеален формален крој, собено погоден за на работа. Најчесто е од еластичен, растеглив материјал и е прилепена за телото од струкот до колената. Одговора речиси на сечија фигура и дава ефект на издолжување.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-11


3. Долго здолниште

Долгото широко здолниште зависно од боите и материјалите може да се комбинира во дневни или вечерни комбинации. Најчесто оние со светли бои и цветни дезени совршено одговараат за дневна шема и прошетка. Оние, пак, со потемни бои се попогодни за вечерните излегувања.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-3


4. Плисирано здолниште

Овие здолништа го истакнуваат струкот и даваат слобода во движењето, бидејќи не се тесни и припиени. Кратките плисирани здолништа носете ги во опуштена варијанта, а подолгите може да ги комбинирате за на работа.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-12


5. Здолниште на преклоп

Ваквото здолниште ќе го обожувате. Одговара на секоја фигура и погодно е за во секоја прилика. Доколку сакате да изгледате послабо одберете модел до под колена. Интересниот дезен ќе го привлекува вниманието на околината.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-5


6. Здолниште во бохо стил

Бохо или т.н. „цигански“ здоништа се многу удобни и весели. Направени од лесни и пријатни материјали и идеални се за во лето. Доколку ви е топло, а не сакате нозете да ви бидат откриени, овие здолништа се идеално решение.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-18


7. Здолниште во круг

Ако сакате ретро изглед нема да згрешите со симпатичното здолнише кое е во полн круг, го истакнува вашиот струк и прави да се чувствувате пријатно. Внимавајте само да не го подигнете над стукот, бидејќи ќе изгледате многу пониско.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-19


8. Асиметрично здолниште

Ваквите здолништа ќе ви дадат инстант чувство на елеганција. Ако ја облечете ќе изгледате модерно и софистицирано, а вашите витки нозе ќе бидат во преден план.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-16


9. Балон здолниште

„Лала“ здолништето, како што го нарекуваат, може да направи да изгледате многу послабо во струкот. Најдобра должина која прилега на секој облик на телото е преку колената.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-14


10. Мини здолниште

Мини здолништето ги исткнува вашите нозе и прави да изгледате повисоко. Изберете добар материјал кој е растеглив за да не ви се крева нагоре кога се движите.

siroki-tesni-dolgi-shareni-10-zdolnista-koi-mora-da-gi-imate-17

Би можело да ве интересира:

Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg