Девојки, ова лето во бело од глава до пети!

Можеби летото ве асоцира на експлозија од бои, но префинетоста на белата боја не се споредува со ниту едно шаренило. Лесна е за носење и комбинирање, па токму затоа е задолжителен тренд за ова лето.

devojki-ova-leto-vo-belo-od-glava-do-peti-01

Девојките имаат огромен избор на летни парчиња облека во бела боја - од кошули, преку лесни панталони и фустани, па сè до беспрекорно белите мокасинки и сандали на висока потпетица.

Кристално белата боја можете да ја комбинирате со нијанса на слонова коска, бисерно бела и сите нијанси помеѓу. Ќе се зачудите колкава е разликата кога ќе ги споите сите варијации на белата боја.

Не ги заборавајте аксесоарите, додатоците и обувките во бела боја - тие се моменто кој ќе го комплетира вашиот изглед.

Потемнетата кожа во летниот период е уште еден голем плус, исто како и впечатливите кармини во розови и портокалови нијанси.

Колку и да мислевте дека е тешко да се носи бело од глава до пети, овие идеи ќе ве натераат да се заљубите во едноставноста и минимализмот.

Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg