Летен моден водич: Како да ги носите кратките шорцеви? (фото)

Кога топлите денови конечно пристигнаа, време е да ги извадите кратките жешки шорцеви во првиот ред во гардероберот. Шарени, еднобојни, од тексас, од тантела, класични или спортски - шорцевите се омилениот тренд помеѓу девојките!

leten-moden-vodic-kako-da-gi-nosite-kratkite-sorcevi-foto-01.jpg

Еве кои 7 модели вреди да ги имате на располагање ова лето:

1. Машки шорцеви - Би требало да бидат малку подолги, до средина на нозете. Најдобро изгледаат со широка маичка, наметка, малечка чанта со синџирче, минимални аксесоари и еспадрили или старки.

2. Цветни шорцеви - Без оглед на тоа дали се со ситни или крупни цветови, одлични се за комбинирање со тесни и кратки маички во пастелни и неонски нијанси.

3. Шорцеви со висок струк - Класика која никогаш не излегува од мода, посебно во комбинација со штосна маичка со натпис и римјанки со ремчиња. Коланот кој го истакнува струкот е уште еден голем плус.

4. Шорцеви од тантела - Идеални за вечерен, женствен изглед. Во комбинација со провидна кошула, плик чанта и високи потпетици се прав погодок.

5. Скорт - Новиот тренд кој завладеа со модниот свет задолжително треба да се најде и во вашиот моден репертоар. Со кошула, летно сако и високи потпетици за момент ќе ве претвори во елегантна дама.

6. Спортски шорцеви - Со едноставна рамбовка, старки и забавен накит за момент ќе добиете урбан, шик изглед без многу труд.

7. Вечно модерниот тексас - Светол, темен, со реси или апликации - сеедно, само набавете си џинс кој идеално ви го обликува задникот. Надополнете го со весели бои и аксесоари и подготвени сте за дневна прошетка.

Инспирирајте се и започнете го веселото, модерно лето:

Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Видови долна облека што парижанките ги обожаваат и ќе бидат хит во 2024-та Тантела, фустан од сатен кој наликува на секси ноќница... кои се модните трендов...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg