Timberland колекција за пролет/лето 2015 (фото)

Колекцијата на Timberland за пролет/лето 2015 e наменета за жени и мажи кои уживаат да го поминат времето на отворено како начин да си ја вратат енергијата, да избегаат од градот, но и да се дружат со пријателите. Понекогаш ова време поминато на отворено е и во самата урбана средина, но овозможува поединецот за момент да се релаксира и да се изгуби во сопствените мисли.

timberland-kolekcija-za-prolet-leto-2015-01.jpg

За пролет/лето 2015, инспирацијата доаѓа од боите на Нова Англија, со патување кое започнува на градските улици, а завршува на морскиот или езерски брег. Патниците, нашите купувачи, поаѓаат на ова патување со колекција која е поразиграна и посмела од било кога претходно. Главните елементи се сепак оние добро познатите - стилот, перформансот и еко-материјалите од кои се направени производите.

Едни од моделите по кои е познат Timberland се бродските чевли, кои компанијата ги произведува од 1978 година. После 35 години, овие чевли се безвременска класика не само за мажите, туку и за жени и деца. Оваа сезона бродските чевли се дополнети во поглед на боите и дизајнот, што ги прави исклучително актуелни и модерни.

timberland-kolekcija-za-prolet-leto-2015-1.jpg

timberland-kolekcija-za-prolet-leto-2015-2.jpg

Рачно изработената колекција “Hooket” е направена од 100% органски памук, природна гума, кожа и алуминиум и е вистински претставник на традиционалната изработка на Timberland комбинирана со еко-свесноста. Освен чевлите и облеката, оваа сезона “Hookset” колекцијата е дополнета со ранци и чанти.

Женските сандали се производ кој Timberland го развива во последните неколку сезони и се чини од сезона во сезона моделите стануваат сè поатрактивни, притоа, задржувајќи го духот на брендот, потребата за практичност и особеното внимание посветено на деталите.

timberland-kolekcija-za-prolet-leto-2015-3.jpg

Чино (Chinos) панталоните имаат долга и интересна историја. Некогаш строго воено парче облека, на крајот на Втората светска војна, најпрво се појавуваат на американскиот пазаp и наскоро стануваат клучно парче во гардеробата на младите луѓе - удобни како фармерките, но со малку поелегантен изглед. За разлика од почетоците, денес чино панталоните доаѓаат во многу различни и впечaтливи бои што ги прави уште поносливи и прилагодливи на сечиј стил, а истовремено и одлична комбинација со остатокот од колекцијата за пролет/лето 2015.

timberland-kolekcija-za-prolet-leto-2015-4.jpg

Уживајте во пролетта со Timberland:

Би можело да ве интересира:

Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречува...
24 идеи како да носите капути од еко крзно оваа зима (фото) Кратки, долги, меки како ќебенце или како јамболија, еднобојни, со шари, во клас...
9 грешки што ги правите кога купувате чевли (и потоа нозете ве болат) Чевлите што изгледаат прекрасно во излогот на продавницата, можеби и не се толку...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Сара Џесика Паркер со „распар“ чевли, Ел Фанинг во апостолки на црвен тепих - Новиот моден тренд со ... Идејата е да облечете чевли што воопшто не би ги носеле со аутфитот што сте го и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg