Нов тренд: Долга кошула наместо фустан

Некаде помеѓу забрзаните денови и опуштени вечери, потребна ни е облека која ни овозможува удобност, а изгледа модерно. Кошулите - фустани ви го нудат токму тоа кога времето ќе затопли.

nov-trend-dolga-kosula-namesto-fustan-001.jpg

Што е кошула - фустан? Во основа, тоа е подолга верзија од омилената кошула, обично на закопчување, нешто поширока, таман за да делува како пристоен лежерен фустан.

Како да ја носите кошулата - фустан? На многу начини - со тенок или дебел ремен на струкот, а што се однесува до чевлите, секогаш можете да бирате помеѓу балетанки, римјанки, стилето потпетици, оксфордки или шарени патики.

За дневните прошетки совршени се тексас кошулите или оние ленените кои ќе ве ладат во неподносливите жештини, а кога ќе се стемни време е да го навлечете омилениот свилен модел.

Во комбинација со овие кошули - фустани носете тенки огрлици или впечатливи алки, голем шешир и колан во иста боја, високи гладијаторки и голема чанта. Не заборавајте дека ракавите мора да се подвратени до лактите.

Летото може да започне!

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg