Кукличка - 4-годишната Кора со Даунов синдром е модел во рекламна кампања „Back to school“

Брендот за обувки Livie & Luca’s оваа есен во својата рекламна кампања ја вклучи и Кора Слокум, 4-годишното девојче со Даунов синдром.

kuklicka-4-godishnata-kora-so-daunov-sindrom-e-model-na-reklamna-kampanja-back-to-school-01.jpg

Livie & Luca’s заедно со непрофитната организација Changing The Face of Beauty одлучиле оваа година заедно да се борат за промена на перцепциите и стереотипите кон луѓето со пречки во развојот.

Така и Кора е дел од кампањата #ImGoingBackToSchoolToo која бара еднаквост на младите луѓе со пречки во развојот.

Речиси 13% од популацијата на млади ученици кои оваа година тргнуваат на училиште се деца со Даунов синдром, а како што објаснува претседателот на организацијата Changing the Face of Beauty:  „Луѓето со пречки во развојот се најголемото малцинство во светот, а речиси воопшто не се претставени во рекламните кампањи и медиумите“.

Кора не само што имала можност да биде дел од есенската кампања, туку веќе има потпишано договор и за пролетната кампања за 2016-та година.

„Сакаме секое дете кое ќе ја види нашата реклама на еден начин да се препознае себеси“ – објаснува Алисон Шарват еден од менаџерите на Livie & Luca.

Тие се надеваат дека со својата реклама ќе овозможат поубав приказ на децата со пречки во развојот. „Прекрасно е кога ќе слушнете од луѓето дека во Кора го гледаат нивното дете или некој член на семејството“ – додава Шарват.

Би можело да ве интересира:

Мајка и ќерка во тон: Ана од Скопје и Оланна (4) живеат во Норвешка и имаат кул моден стил „Желбата за модно усогласени комбинации со мојата 4-годишна ќеркичка Оланна пост...
Модна женска инспирација: Предлог комбинации со незаменливите старки Старките се дефинитивно најпопуларните обувки и за мажи, и за жени, а има и прич...
ZARA фустанот кој е хит оваа сезона – за 1.600 денари ќе бидете како (лажна) сопруга на мафијаш Фустанот беше распродаден само за неколку денови во Шпанија, а кај нас треба да ...
IKEA се потсмева на новото „здолниште“ на Balenciaga: „Купете пешкир и направете го сами“ Дали би платиле 925 долари за здолниште што личи на пешкир за туширање. Дури и I...
Модни трендови за студени денови со кои треба да бидете внимателни Црвените парчиња се хит во постудените денови бидејќи нè асоцираат на Божиќ и Но...
Минималистички деловни комбинации со кои нема да погрешите оваа есен (фото) Најдоброто нешто кај минималистичките комбинации е нивната практичност, а бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg