Тајната на малиот црн фустан

Кога во 1926-та година, Коко Шанел јавно ја прикажала нејзината визија за модерната жена со создавање на малиот црн фустан, веројатно воопшто не претпоставувала дека целосно ќе го преврти светот на модата и ќе го одреди најголемиот модел класик на сите времиња.

tajnata-na-maliot-crn-fustan-01.jpg

Тоа биле чудни времиња – времиња на големи промени и напредок. Жените конечно добиле право на глас и станале рамноправни во општеството, додека светот закрепнувал од последиците на Првата светска војна.

Со креирањето на малиот црн фустан, првенствено за себе, Шанел набрзо ја наметнала својата модна единственост на целиот свет и со тоа ги ослободила жените од строгите и тешки правила кои биле присутни во тој период.

Да претставите фустан без ракави и должина малку над колената во тој период, сигурно не бил едноставен процес, па и црната боја која дотогаш била наменета строго за моментите на жалост.

Но, и покрај тоа, водена од сопствената визија и перцепција за улогата на жените во современото општество, Коко Шанел го создала најголемиот класик во светот на модата. Го создала малиот црн фустан.

Магично и за моменти мистериозно и необјасниво е зошто токму малиот црн фустан станал моќно оружје на телото на жената. Што е тоа што го прави безвременски и секогаш мистериозен?

Малиот црн фустан првенствено е замислен да биде практичен и со можност да се носи во секоја пригода, да биде достапен на сите слоеви на жени и девојки од различни профили. Претставува оружје кое жените прави да се чувствуваат моќно.

tajnata-na-maliot-crn-fustan-1.jpg

Па и можноста да се надградува малиот црн фустан со различни модни додатоци е бесконечна.

Овој фустан едноставно и несебично дарува доза на елеганција и моќ. О да, малиот црн фустан и те како е моќен.

Жените од високите општествени слоеви добиваат уште поголема моќ и ги прави општествено поприфатени оние жени кои дотогаш се наоѓале на маргините, извлекувајќи ги од сенките.

Малиот црн фустан дарува слобода и рамноправност, притоа дозволува и да се следи женственоста.

Социолошки гледано, малиот црн фустан им овозможил на жените најголема еманципација и рамноправност, во незамислива мера ги изедначил жените од сите општествени слоеви и им дал повеќе шанси.

Кога гледаме една жена во црн фустан, без разлика на тоа дали тој фустан е со некаков престижен дизајнерски потпис или некоја евтина верзија за масовно производство, не гледаме во минатото на таа жена, не знаеме ништо за неа – од каде доаѓа, каде се наоѓа нејзиниот дом или каде припаѓа.

Сите прашања стануваат непотребни.

Да бидеме реални, на жена со мал црн фустан, црвен кармин и класични црни потпетици никој не може да остане рамнодушен.

Мажите на овие жени кои ја носат оваа класична комбинација се обидуваат на сите можни начини да ги задоволат, а останатите жени полудуваат од љубомора, бидејќи се појавила онаа која поседува моќ.

Во малиот црн фустан во главно секогаш гледаме преубава згодна жена која ги врти погледите и го одзема вниманието. Жена која самоуверено чекори на улиците, се бори за да ги добие своите животни можности. Да се сетиме на Одри Хепберн во „Breakfast at Tiffany's“ или на Моника Белучи во „Malena“.

tajnata-na-maliot-crn-fustan-2.jpeg

Малиот црн фустан навистина претставува најдобар сојузник на секоја жена, влез кој ги отвора сите можни врати. Тој е наменет за сите, ги зборува сите јазици на овој свет, не гледа на социо-економски статус. Не е важно дали ќе го комбинирате со пар класични потпетици, бисери околу вратот, износени чевли и кожна јакна...

И затоа, драги мои жени, направете си услуга и купете ја својата идеална визија за мал црн фустан кој ќе стане ваш најдобар партнер во славењето на животот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја елегантна Французинка Црно сако и елегантна кошула со везови – кои парчиња облека се задолжителни за е...
Како најдобро да ги комбинирате големите обетки, без да изгледате „кич“? Кога избирате ланче и големи обетки, обрнете внимание на деколтето и фризурата к...
Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...
Вулгарно или модерно – Кои познати дами од регионот и светот го прифатија трендот на нанокини? Плетените бикини кои служат само да го покријат врвот на градите добија свое име...
Македонка, со впечатлив моден стил: „Едно парче облека го носам во многу различни комбинации, така ш... „Еден од триковите за штедење ми е добро познатиот и модерен син широк блејзер, ...
Македонецот Мартин Сипковски потпиша договор со модна агенција од Истанбул Екс ракометарот на Вардар, Мартин Сипковски (19) е првиот Македонец кој потпиша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg