Претворете ги обичните апостолки во модерни и елегантни обувки


Претворете ги обичните апостолки во модерни и елегантни обувки

Летото е периодот кога апостолките се една од работите кои најмногу би сакале да ги имате на нозете токму заради фактот што се целосно отворени и не создаваат доплнителна топлина за вашите нозе.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-001.jpg

Ако ви се здосадија обичните апостолки време е да ги земете работите во свои раце и од нив да направите нешто многу помодерно и позабавно.

Во склад со бојата на апостолките изберете го и материјалот за работа.

Потребни ви се:

  • апостолки
  • сатенска или свилена лента во боја на апостолките
  • декоративни бисери во различни големини
  • игла и конец

Постапката:

1. Замотајте ги ременчињата на апостолките со сатенска или свилена лента, прицврстувајќи ги за краевите со помош на игла и конец.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-02

2. Откако ќе ги обвиткате целите ременчиња, започнете со наизменично превиткување на предниот дел, така што ќе добиете триаголник како основа. Добро зацврстете го со конец за да не се лизга.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-04

3. Добиената форма би требало да изгледа вака:

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-05

4. Зашијте ги бисерите врз лентата, онака како што вас ви се допаѓа.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-06

5. На убаво негувани стапала и лакирани нокти, новите апостолки ќе изгледаат навистина фантастично.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-07

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тренд: Џемпери со карнери Ако сте изморени од зимата, но сепак мора да се стуткате во топол џемпер, ќе ви ...
Непогрешливиот стил на Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд (фото) Каја Гербер, 16 годишната керќа на легендарниот супермодел Синди Крафорд од нејз...
Пролетен стил: Комбинации во неутрални бои Иако пролетната сезона изобилува со јаки и живи тонови, понекогаш вреди да напра...