4 пара шорцеви кои треба да ги имате пред да почне летото

Летните горештини почнаа да ни го брануваат секојдневието, а тоа значи дека треба да ја извадиме омилената летна „униформа“ на виделина – кратките панталончиња.

Kratki-pantaloncinja-za-zeskata-letna-sezona-01.jpg

Тие се женствени, секси и практични, со еден збор – најудобната облека за во лето, која нема да предизвика да се стопиме како сладолед на асфалтот.

Ви ги препорачуваме следните 4 видови на куси панталончиња за долгите летни денови:

Панталончиња од чипка

Романтични, лелеави, фокусот е насочен на нежни пастелни бои, бели или пак црни панталончиња. Изборот е огромен, а подеднакво добро се комбинираат и со штикли и со балетанки.

Chipka-pantaloncinja-02.jpgChipka-pantaloncinja-01.jpg

Chipka-pantaloncinja-03.jpg

Бохо панталончиња

Експлозија од бои и принтови, весело шаренило совршено за летните денови и одморот на плажа.

Храбро носете го бохо-шик трендот и оваа сезона, кој е мешавина на боемскиот и хипи стилот на '70-тите.

Boho-pantaloncinja-02.jpg

Boho-pantaloncinja-01.jpg

Boho-pantaloncinja-03.jpg

Boho-pantaloncinja-04.jpg

Шорцеви на риги

Едноставни, минималистички, со висок и низок струк, кусите панталончиња со риги одлично се надополнуваат со патики. Тука е класичната црно-бела комбинација, но и морнарските куси панталончиња во сино-бела комбинација, како и риги во неколку различни бои.

Rigi-pantaloncinja-01.jpg

Rigi-pantaloncinja-02.jpg

Rigi-pantaloncinja-03.jpg

Rigi-pantaloncinja-04.jpg

Тексас шорцеви

Безвременски, класика која никогаш не умира. Варијации од потемен кон светол тексас, со џепчиња кои ѕиркаат под панталончињата, до „искинати“ панталончиња со реси... просто ја обожаваме тексас комбинацијата.

Teksas-pantaloncinja-01.jpg

Teksas-pantaloncinja-02.jpg

Teksas-pantaloncinja-03.jpg

Teksas-pantaloncinja-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
8 совети за стилски комбинации со тексас облека Тексасот и облеката од кадифе одлично се надополнуваат и никогаш нема да погреши...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Ленени кошули во сите бои се хит за лето 2023 – идеи како да ги комбинирате со стил (фото) Со комплет ленени или со тексас шорцеви, со фармерки или долги летни панталони –...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg