Што нуди SPRINGFIELD за зима 2016-та?

Доаѓањето на првите зимски денови и намалените температури значи и промена во начинот на облекување, односно нови комбинации за удобен, но во исто време шик изглед.

sto-nudi-springfield-za-zima-2016-ta-001.jpg

Springfield за овој период од  годината нуди парчиња кои имаат современа интерпретација на класичните модели, а се практични и трендовски.

За мажите палтата и капутите доаѓаат во повеќе различни форми, може да се комбинираат на повеќе начини и да се пилагодат на личниот стил.

Парка јакните се одлична опција за секојдневно, лежерно облекување. Тие доаѓаат во разновидни бои, должини и материјали, а за сите карактеристични се многуте џебови. Одлични се во комбинација со блуза, џемпер и фармерки.

sto-nudi-springfield-za-zima-2016-ta-3.jpg

Бомбер јакните се актуелни и оваа сезона, па така во Springfield може да се најдат неколку верзии од овој модел – со заоблена силуета и порабување во темно сина или кафена боја, класични од превртена кожа или пак во топли, земјени тонови. Комплетирањето на изгледот е навистина лесно – карирана кошула, маичка со принт и панталони се доволни за да оставите одличен, моден впечаток.

sto-nudi-springfield-za-zima-2016-ta-1.jpg

За оние кои претпочитаат комбинирање и на формални парчиња во лежерниот стајлинг, достапни се и капути во сива, кафена и темно сина боја со качулка која може и да се отстрани. Фармерките и така наречените “jogger” панталони и еднобојните џемпери се совршено дополнување на изгледот.

sto-nudi-springfield-za-zima-2016-ta-2.jpg

Да се изгледа кул на минусни температури бара умешност во изборот на гардероба, но и вештина за добро комбинирање на зимските парчиња. Во Springfield, за зима 2016 можете да најдете идеални модели за релаксиран и автентичен изглед. Клучното парче за есен и зима – џемперот, оваа сезона доаѓа со различни мотиви и дезени. Ваквиот џемпер е одличен за комбинација со ултра трендовските плисирани здолништа и бели, едноставни патики за сосема лежерен изглед.

Бомбер јакните остануваат актуелни и кај девојките, а како зимска варијанта Springfield ја нуди полнетата темно сина јакна или пак црна со ефект на кожа.

За девојките кои не сакаат да останат незабележани на градските улици, особено интересен трендот на металик парчиња и светкави детали. Подгответе се да заблескате со највпечатливата облека за оваа зима. Без разлика дали ќе одберете блуза со светкави додатоци или пак светкав фустан во комбинација со бомбер јакна и чизми до глужд за целосен гламурозен изглед, сигурни сме дека вашиот стилски избор ќе остане запаметен.

sto-nudi-springfield-za-zima-2016-ta-4.jpg

sto-nudi-springfield-za-zima-2016-ta-6.jpg

sto-nudi-springfield-za-zima-2016-ta-7.jpg

sto-nudi-springfield-za-zima-2016-ta-8.jpg

Би можело да ве интересира:

„Машки“ панталони, кошули и јакни – Младите трендсетерки сè почесто негуваат андрогин стил (фото) Машките парчиња облека, како широки панталони и големи јакни, повеќе не се само ...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците) Синтетички хулахопки, качулка врз капата... Каде најчесто грешиме кога е во праш...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...
8 работи со кои лесно ќе ја освежите здодевната летна облека Капри панталоните никогаш не излегле од мода, но не им прилегаат на сите жени, б...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg