Светкавите чизми за кои сите зборуваат (фото)

Модните критичарки веќе лудуваат по нив, а со сигурност нема ниту вас да ве остават рамнодушни.

svetkavite-chizmi-za-koi-site-zboruvaat-foto-1_copy_copy.jpg

На неодамна одржаната ревија на модната куќа „Сен Лоран“ во Париз, сите присутни воздивнуваа по еден пар чевли.

Во прашање се „згужваните“ чизми украсени со стотици металик светки, на кои веќе им се предвидува светла иднина кога е продажбата во прашање.

svetkavite-chizmi-za-koi-site-zboruvaat-foto-2_copy.jpg

Манекенките ги носеа во комбинација со мини здолништа, црни тесни панталони и фустани со висок шлиц, за што повеќе да дојдат до израз. Потпетицата е пирамидална, а покрај светкавите, во понудата на луксузниот бренд ќе се најдат и модели изработени од повеќе видови кожа и во неколку различни бои.

 

View this post on Instagram

A post shared by NET-A-PORTER (@netaporter)

Цената е засега непозната, но ако се суди по досегашниот ценовен ранг во кој се движат парчињата со потписот на YSL, сигурно нема да биде прифатлива за многу дами.

Ги сакаме, нели?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Девојче (4) од Скопје во розови стајлинзи е мини верзија на Барби (фото) Барби манијата ја зафати и Македонија, а 4-годишно девојче од Скопје со аутфитит...
Вистинска дама од мали нозе: 6-годишно девојче од Скопје е мала модна икона (фото) Меланија Петковска (6) од Скопје е мало девојче, но е голем вљубеник во модата.&...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg