4 идеи како да ги замените трендовите кои ви го нарушуваат здравјето


4 идеи како да ги замените трендовите кои ви го нарушуваат здравјето

Честопати, во име на модата и добриот изглед, подготвени сме да го жртвуваме здравјето.

4-idei-kako-da-gi-zamenite-trendovite-koi-vi-go-narusuvaat-zdravjeto-001.jpg

Па така, со текот на годините „убавината бара жртва“ стана секојдневие.

Ако не верувате дека модата и здравјето одат заедно, ве побиваме од следните потточки.

4 идеи со кои опасните трендови може да ги замените со „поздрави“:

1. Тесни фармерки

Тесните фармерки се опасни за нервите и мускулите, па дури може да предизвикаат и лоша циркулација на крвта. Како да си помогнете? Носете ретро модели кои сега повторно се актуелни или машки крој на фармерките. Комбинирајте со тесни и кратки маички.

4-idei-kako-da-gi-zamenite-trendovite-koi-vi-go-narusuvaat-zdravjeto-1.jpg

2. Тешки чанти

Женското место каде има буквално сè. Но, токму таа тежина може да предизвика болки во ‘рбетот, рацете и рамениците, заради носењето на нееднаква тежина. Помогнете си така што ќе одбирате мали чанти преку рамо, а ќе имате простор доколку земете мали пакувања од сите креми и парфеми.

4-idei-kako-da-gi-zamenite-trendovite-koi-vi-go-narusuvaat-zdravjeto-2.jpg

3. Превисоки потпетици

Јасно ви е страдањето кое го трпите кога одите на потпетици од 10 сантиметри или повеќе. За да си ја олесните маката, а да изгледате модерно, одберете модели со дебела потпетица и не повисока од 3-4 сантиметри. Сега се ултра модерни, а и практични.

4-idei-kako-da-gi-zamenite-trendovite-koi-vi-go-narusuvaat-zdravjeto-3.jpg

4. Тесно здолниште со висок струк

Со самото тоа што здолништето е претесно, јасно ви е дека движењето ви е ограничено, па мора да седите и стоите во неприродни пози. Време е да го замените со здолниште со А-крој.

4-idei-kako-da-gi-zamenite-trendovite-koi-vi-go-narusuvaat-zdravjeto-4.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 модели на чанти кои ќе ја обележат пролетта 2017 Во текот на пролетта, најважната споредна работа во женската гардероба ќе се нос...
25 модни погодоци со бели фармерки Белата боја е вечен летен класик. Без оглед дали доаѓа во облик на романтични фу...
Кој ќе победи: Модата или зимата? Снегот и ладното време често претставуваат предизвик кога станува збор за вашиот...