Зошто оваа година се продаваат најчудните фармерки?

Сите им се смееја на овие модели, а веќе се распродадени. По сè изгледа, навистина секоја роба си има свој купец.

zoshto-ovaa-godina-se-prodavaat-najchudnite-farmerki-1.jpg

Се сеќавате ли на проѕирните „фармерки“ од Topshop, на кои сите им се смеевме? Па, изгледа и не биле толку смешни баш за секого, бидејќи овие пластични панталони од 76 евра, сега се потполно распродадени.

Но, тоа не е единствениот чуден пар фармерки што исчезна од полиците. И фармерките со прозорчиња на колениците, исто така се распродадоа со брзина на светлината, како и несекојдневниот пар со сошиено здолниште од тул.

zoshto-ovaa-godina-se-prodavaat-najchudnite-farmerki-2.jpg

Зад целото ова лудило стои една жена, која е и тоа како свесна дека сите им се смејат на последните парчиња од Topshop, затоа што ѝ била и целта.

Сакаме да правиме работи за кои ќе се зборува.“ - открива Mo Riach, креативната директорка на Topshop, во интервјуто за американското издание на Elle. „Всушност, тоа е многу позитивна работа. Дебатите и дискусиите се секогаш позитивни, бидејќи поради ваквите нешта, сè повеќе луѓе почнуваат да ја посетуваат нашата страница. Сакаме на луѓето да им дадеме прилика да купат нешто потполно ново на овој презаситен пазар. Сигурни сме во себе и се движиме само напред со парчиња за кои знаеме дека имаат свои купувачи.

Зборот „претерано“ не постои во речникот на дизајнерскиот тим на Topshop, иако Riach истакнува дека нема да одат подалеку од проѕирните фармерки.

Еве ја и приказната што стои зад секој од овие модели:

Фармерки со прозорчиња на колениците

Инспирацијата ја пронајдовме во распараните и искинати фармерки, односно во моделите кои буквално имаат дупки, бидејќи станаа мошне популарни.“, вели Riach и продолжува: „Потоа почнавме да размислуваме за ткаенина со која би ги прекриле дупките и некој предложи винил. Винилот беше поприлично застапен на речиси сите последни модни ревии, па звучеше како добра и освежувачка идеја за закрпа.

zoshto-ovaa-godina-se-prodavaat-najchudnite-farmerki-3.jpg

Проѕирни фармерки

Во овој случај, одлучивме да го тестираме успехот на винилот и да видиме колку далеку може да одиме со овој смел материјал. Веќе имавме неколку проѕирни парчиња претходно, а сите доживеа успех кај публиката. Нашите купувачи се храбри луѓе кои сакаат да експериментираат, а ние сакаме да им даваме материјал за тоа. Впрочем, овие панталони се изработени во ограничени количини, па лесно си ги пронајдоа своите купци.

zoshto-ovaa-godina-se-prodavaat-najchudnite-farmerki-4.jpg

Фармерки со сошиено здолниште

Уште еден модел за кој сите се смееја, а доживеа голем успех, се и фармерките со сошиено здолниште, чиј изглед Raich го оправдува со постоечките „2 во 1“ парчиња што се продаваат во Topshop, како џемперите со сошиена кошула. Здолништата од тул и онака се еден од водечките трендови на сезоната, а нашиот тим одлучи малку да си поигра, комбинирајќи ги со фармерки“, истакнува Riach. Овие фармерки се сè уште достапни во онлајн продавницата на Topshop.

zoshto-ovaa-godina-se-prodavaat-najchudnite-farmerki-5.jpg

По сè изгледа, за сè си постојат купувачи. На Инстаграм пронајдовме неколку горди сопственички на овие фармерки, па погледнете како изгледаат во реалниот живот:

https://www.instagram.com/p/BTTRTTOlog3/

https://www.instagram.com/p/BSnl9ElgH3w/

https://www.instagram.com/p/BR6GzHMhvlk/

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...
4-годишно девојче од Скопје е мини модна ѕвезда со кул пролетни аутфити Кул модни комбинации и „шизички“ пози – 4-годишната Фрида од Скопје е хит на Инс...
„Вака изгледа жена која има многу пари, а нема стил“: Џорџина Родригез е мета на критики Иако на црвениот тепих најчесто е гламурозна, сепак знае да направи грешки во об...
Принтот кој ги освои сите трендсетерки – дали и вие имате парче со овој дезен? (фото) По малку психоделичен, но нималку хипи, тренд кој ѕирка во бохо стилот, дезенот ...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg