Облека врз бикини: Што се носи, а што не?

Изгледајте совршено дури и кога сте на плажа или базен, со неколку модни совети и стилски предлози, што ќе ви помогнат да ја одберете идеалната комбинација за летен „морски“ стајлинг.

obleka-vrz-bikini-shto-se-nosi-a-shto-ne-1.jpg

Иако делува како мошне лесна и логична задача, често се наоѓаме во дилема кога треба да направиме спој на облека со бикини. Што може да носите со костимот за капење, а што треба да избегнувате при комбинирањето?

Кафтанот е меѓу нештата кои дефинитивно треба да се најдат во вашата летна гардероба. Изгледа мошне елегантно и женствено, доколку се одлучите за модел кој е лелеав, ама и непроѕирен. Во него ќе се чувствувате удобно, а слободно ќе може да седнете во бар или да се прошетате до хотелот.

Понатаму, и било каков краток и опуштен фустан ќе ви биде од полза. Инвестирајте во модел кој е поголем од вашата класична величина. Бојата и дезенот се по ваш вкус и стил – секако ќе изгледате убаво во ваквиот фустан на плажа.

Ако, пак, сте љубителки на шорцевите, не мора да носите ултра-краток, туку шорц кој е доволно удобен за во него да трчате, но и да отидете до плажа. Надополнете го и со топ, доколку не сакате да бидете премногу разголени.

Ленениот шорц и памучната блуза брзо се сушат и се лесни за носење. Притоа, доволно се пристојни за во нив да седнете во блискиот ресторан на ручек.

За дамите кои нигде не поаѓаат без некаков моден додаток, најдобар предлог е комбинезон со широки ногавици. Ако веќе носите шешир и гломазни очила за сонце, зошто да не одите докрај, па да го додадете и ова парче облека за комплетен изглед?

Што да избегнувате? Првенствено, тесни фустани. Замислете само колку ќе ви биде тешко да го облечете, додека кожата ви е сè уште влажна, или, пак, кога ќе треба да го пресоблечете костимот за капење.

Избегнувајте ги и тексас шорцевите. Иако делуваат како идеално модно парче, едноставно не се погодни за на плажа.

Од материјални причини, заборавете и на скапата облека. Песокот и солта од морето може да ја уништат, затоа опуштете се и одберете нешто за што нема да ви биде жал доколку се намокри или извалка.

Во продолжение, погледнете и неколку супер предлози на оваа тема:

 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 модни трикови со кои и најевтината комбинација ќе изгледа луксузно Задолжително скријте го градникот кога носите фустан со гол грб и наместо да сле...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg