Модна пирамида: Формула за убав изглед на жените со стил

Правилото на пирамидата е едноставен трик кој го применуваат сите модерни жени. Многу жени веруваат дека зад овој трик се крие успешната формула за убав изглед.

modna-piramida-formula-za-ubav-izgled-na-zhenite-so-stil-01_copy.jpg

Правилото има шест нивоа, а се однесува на парчиња облека и модни додатоци кои треба да бидат застапени во женскиот плакар.

1. Основни парчиња – 35%

Во основни парчиња спаѓа облека која е лесна за комбинирање, како на пример бела кошула, црни пантолони, памучни маички, фармерки и  слично. Овие парчиња треба да зафаќаат 35% од плакарот со гардероба.

2. Лежерни парчиња – 20%

Патиките, маичките и сето она што го сметате за кежуал облека и го носите скоро секој ден треба да зафаќа 20% од гардеробата.

3. Деловен изглед – 20%

Класичен фустан на преклоп или сако се одличен избор за деловен изглед. Облеката која најчесто ја носите на работа треба да зафаќа 20% од целата гардероба.

4. Сезонски парчиња – 10%

Четвртото ниво на пирамидата се однесува на парчиња кои ги носиме само во одредена сезона: костими за капење, зимски капути и сл.

modna-piramida-formula-za-ubav-izgled-na-zhenite-so-stil-02.jpg

5. Вечерни излегувања – 10%

Облеката за вечерни пригоди, како на пример коктел фустан или елегантни чевли на штикла треба да зафаќа 10% од целата гардероба.

6. Модни додатоци и накит – 5%

Последното ниво на модната пирамида го сочинуваат модните додатоци и накитот, па со нив не треба да претерувате. Тие треба да заземаат 5% од гардеробата.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
Модниот стил на кралот на трубата Џамбо Агушев - Весели бои, впечатливи палта (фото) Гардероба во весели бои и врвна забава - ова се првите асоцијации за Џамбо Агуше...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg