Сите кроеви на фармерки, сė што треба да знаете за нив + совети за комбинирање

Вашето омилено парче од гардероберот може да добие поинаква димензија со само малку труд. Како да носите фармерки како холивудска дива?

site-01

Фармерките се неопходно парче облека за секоја сезона, но понекогаш забораваме колку модерни тие всушност можат да бидат.

Тие се совршени за мрзелива недела со маичка и патики, но и за сериозно модерен изглед за петок навечер со само малку труд.

Ако сакате да го искористите целиот потенцијал на вашите омилени фармерки, пронајдете инспирација во познатите. Овие шик дами, кои секогаш се под будното око на јавноста, знаат како да го извадат максимумот од обичен пар фармерки.

Следете ги овие совети и набрзо тоа старо парче од вашиот гардеробер ќе го носите како вистинска ѕвезда.

Тесни фармерки

Познатите ги обожаваат тесните фармерки, а исто и ние. Тие се совршени за креирање на шик, кежуал изглед, кој е едновремено и релаксиран и префинет. Држете се за едноставните линии и искомбинирајте ги со маичка со риги или струкирано палто.

site-02

Момчешки фармерки

Момчешките фармерки може да бидат торбести и развлечени, но ако знаете да ги искомбинирате може да бидат неверојатно шик. Само погледнете ги Џесика Алба и Блејк Лајвли. Земете пар фармерки со ваков крој во сина боја, а потоа дополнете со парчиња кои се поелегантни, но не премногу.

site-03

Сечени фармерки

Ако сакате фармерки кои се во тренд во моментот, тогаш погледнете ги Џиџи Хадид и Жизел Бундшен. Овој стил е совршен за издолжување на нозете и креирање на стил што се истакнува. Сė што треба е нивниот крој да ја следи линијата на вашето тело. Искомбинирајте ги со топ, тексас јакна и сандали на високи потпетици. Само внимавајте тексас јакната да биде или иста нијанса како нив или неколку нијанси потемна.

site-04

Фармерки со прави ногавици

 Фармерките со прави ногавици може не се толку секси како тесните, ниту впечатливи како момчешките, но можат да бидат дел од тренди стајлинг. Искомбинирајте ги со сандали на платформа или на високи потпетици и вашите нозе ќе изгледаат многу подолги.

site-05

Фармерки ѕвонарки

Не мора да бидете познати како Селена Гомез за да се осмелите да облечете фармерки ѕвонарки. Само треба да знаете како ова парче од 70-тите да го носите на современ, софистициран начин. Тие ќе ја издолжат вашата силуета. Искомбинирајте ги со едноставна маичка и впечатлив накит.

site-06

Фармерки со висок струк

Ако сакате да ги истакнете вашите убиствени облини како Клое Кардашијан, тогаш фармерките со висок струк се задолжително парче за вас. Изберете модел во црна или мастило боја за модерен изглед. За дополнително да ја нагласите формата на песочен часовник облечете боди, вашиот струк ќе изгледа потесен, а градите поголеми.

site-07

Фармерки со низок струк

Роузи Хантингтон Вајтли е вистинска инспирација за вљубеничките во фармерки со низок струк. За овој изглед треба да направите фокусот да биде на горниот дел од вашиот стајлинг. Одберете впечатливо парче горе, кое е широко, бидејќи најчесто фармерките со низок струк се тесни, па да има баланс.

site-08

Црни фармерки

Многу познати дами сините фармерки ги заменија со црни. Иако тие се совршени за студено време, може да се носат во секоја сезона. Носете ги со чевли на висока потпетица и додадете боја во стајлингот со зелено, сино или боја на вино во горниот дел.

site-09

Бели фармерки

Белите фармерки се совршени за во лето. Започнете така што ќе го изберете вашиот омилен крој, тесни, сечени или момчешки, а потоа дополнете ги со маичка во некоја нежна нијанса. Навечер кога сонцето ќе зајде само облечете широк џемпер одгоре и ќе имате релаксиран, удобен крај на денот.

site-10

Искинати фармерки

Сакате неделен изглед кој е толку опуштен, како и вие? Искинатите фармерки се совршениот изглед. Одберете сини со минимален број на отсечоци и носете ги како Рејчел Билсон на пример. Додадете некоја женствена кошула во стајлингот и балансирајте на овој начин.

site-11

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg