Тренд аларм: Подготвени ли сте да се вљубите во ментол зелената боја? (фото)

Со секоја наредна сезона, во центарот на вниманието пристигнува нова боја, која одеднаш ја гледаме насекаде. А, помеѓу летото и есента, ќе владее една од омилените нијанси на мноштво припаднички на понежниот пол.

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-1.jpg

Минатата, а добар дел и од оваа година помина во знакот на пудресто розовата боја, која ја обележа пролетта, но продолжи да доминира и во летните комбинации на модерните девојки ширум светот.

Што се однесува до трендовите за новата сезона, сè повеќе се заговара црвената како потенцијална кралица на претстојната есен, па без сомнеж ќе царува и во нашите гардеробери.

Преодната сезона, пак, ни носи еден посебен фаворит, а пристигнува како алтернатива за сите оние кои веќе се заситија од пудресто розовата боја.

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-2.jpg

Помеѓу летото и есента, ќе владее една од омилените нијанси на мноштво припаднички на понежниот пол – ментол зелената.

Како што новата сезона симболизира нови почетоци и свеж старт, така и ментол зелената боја носи освежување во нашата гардероба.

Веќе се појавува кај костимите за капење, топ маичките и блузите со карнери, како и на фустаните, а идеално изгледа во контраст со исончаниот летен тен, доаѓајќи уште повеќе до израз.

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-3.jpg

Кога станува збор за преодната сезона и есента, ментол зелената и во неа ќе го пронајде своето место. Ќе доминира на лелеавите кафтани и шик пругастите кошули.

Тоа е сезоната во која сè уште може да ги износите своите летни фаворити.

Искомбинирајте го ментол зелениот топ со фармерки, а доколку ви застуди, над ментол зелениот фустан едноставно додадете тексас јакна.

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-4.jpg

Воедно, и тексас јакната во ментол зелена нијанса е подеднакво ефектна идеја за есенски стајлинг.

Подготвени ли сте да се вљубите во ментол зелената боја?

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-5.jpg

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-6.jpg

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-7.jpg

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-8.jpg

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-9.jpg

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-10.jpg

trend-alarm-podgotveni-li-ste-da-se-vljubite-vo-mentol-zelenata-boja-foto-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 5 трендови од модните писти за 2023-та XXL парчињата облека повторно ќе биде ИН, но кои се новите трендови за 2023?Модн...
Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg