Според Pinterest: Која е најпопуларната летна чанта? (фото)

Омилена помеѓу трендсетерките, оваа чанта е забележана и во рацете на многубројни познати дами, од Кјара Ферањи до Емили Ратајковски.

spored-pinterest-koja-e-najpopularnata-letna-chanta-foto-1.jpg

Сламените чанти се вистински хит оваа сезона. Од песочните плажи до градските улици - ги има насекаде, а жените ширум светот масовно го прифатија трендот.

spored-pinterest-koja-e-najpopularnata-letna-chanta-foto-2.jpg

Оттука, не е изненадување што токму една ваква чанта е најпопуларната на Pinterest ова лето. Според социјалната платформа, чантата од слама „St Tropez“ на брендот Kayu, пинувана е повеќе од 13.000 пати, и е најомилената помеѓу трендсетерките.  

Сламената чанта со занимливи помпон-топчиња и обложени дршки е мошне модерна, но и практична. Доволно е пространа за во неа да го спакувате својот пешкир за плажа, кремата за сончање, резервниот костим за капење, овошки и омилените романи.

spored-pinterest-koja-e-najpopularnata-letna-chanta-foto-3.jpg

Направена од природна морска трева, а се продава по цена од 125 долари.

Во продолжение, погледнете како најпопуларната летна чанта ја носат познатите светски модни блогерки:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Хит модни комбинации од Pinterest со кои нема да погрешите оваа есен Корисниците на Pinterest, ја избраа кафеавата боја како најпопуларна за есен 202...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
5 тајни на парижанките за вонвременска елеганција - Кои парчиња облека се секогаш модерни според нив... Тајната за совршениот изглед на парижанките се крие во лежерноста и опуштеноста ...
Вулгарно или модерно – Кои познати дами од регионот и светот го прифатија трендот на нанокини? Плетените бикини кои служат само да го покријат врвот на градите добија свое име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg