6 есенски трендови кои може да ги носите уште сега


6 есенски трендови кои може да ги носите уште сега

Помеѓу топлото лето и благо постудената есен, може да дојде до конфузија кога е облеката во прашање.

6-esenski-trendovi-koi-mozhe-da-gi-nosite-ushte-sega-1.jpg

Дали треба да ги мешаме летните и есенски трендови? Секако дека - да!

А, за на најдобар можен начин да успеете во комбинирањето повеќе стилови и трендови, ви препорачуваме да ги прочитате нашите модни совети и предлози, кои сигурно ќе ви бидат од полза.

Шесте есенски трендови кои може да ги носите уште сега се:

1. Кадифе

Кога е овој тренд во прашање, сeкако дека не мислиме на носење кадифен фустан, во кој ќе ви биде пеколно жешко. Доволно е да испробате кадифени чевли или чанта, со кои вашиот изглед ќе биде финиширан на единствен начин.

6-esenski-trendovi-koi-mozhe-da-gi-nosite-ushte-sega-2.jpg

2. Впечатливи црвени нијанси

Есента секогаш ни носи интензивни, црвени палети – од богати бургунди и тонови во боја на вино, па сѐ до класичната црвена нијанса. Сега може да ги носите со нежно розовата, позната и како „millennial pink”, за освежување на целокупниот изглед.

6-esenski-trendovi-koi-mozhe-da-gi-nosite-ushte-sega-3.jpg

3. Блејзери инспирирани од модата во 80-тите

Во мода се враќа изгледот каде доминираат палта со ретро дезен и крој, односно истакнати рамена. Подолгите блејзери, во тандем со фармерки и опуштена бела маичка, креираат совршен стајлинг за секој ден, па дури за на работа.

6-esenski-trendovi-koi-mozhe-da-gi-nosite-ushte-sega-4.jpg

4. Цветни мотиви

Намалете ја количината на пастелни нијанси, а додадете појаки тонови, со мотиви на винова лоза и други билки кои не очекуваат во есенската сезона.

6-esenski-trendovi-koi-mozhe-da-gi-nosite-ushte-sega-5.jpg

5. Тренерка – панталони

Елегантните и шик панталони, кои потсетуваат на тренерки поради пругите од страна, во спој со штикли и кошула, ќе создадат идеална деловна модна комбинација, а притоа ќе се чувствувате и мошне удобно во облеката.

6-esenski-trendovi-koi-mozhe-da-gi-nosite-ushte-sega-6.jpg

6. „Макси“ обувки

Кога велиме макси, не мислиме на величината, туку на упадливата естетика на обувките. Мокасините и еспадрилите со штрас и металик детали, како и генерално украсените модели на чевли, ќе бидат вистински ѕвезди на меѓусезоната. Нека тие бидат во фокусот, а остатокот од стајлингот држете го на минимално ниво.

6-esenski-trendovi-koi-mozhe-da-gi-nosite-ushte-sega-7.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 кимоно наметки за шик дневен изглед Како замена за фустан, мантил, кошула или класична наметка, повеќенаменското ким...
Блуза со машна: 16 начини на кои може да ја носите оваа пролет Доколку ви е во план да ја обновите гардеробата оваа сезона, а сакате да изгледа...
5 трендови кои ја навестуваат новата модна есен 2016 Есента полека започнува со најава за новата модна претстава и имаме можност да ѕ...