Како да ги одберете идеалните очила за сонце според обликот на лицето?

Очилата за сонце не се само моден додаток. Тие ги штитат очите од штетните сончеви зраци, го намалуваат чувството на умор и го надополнуваат целокупниот изглед.

kako-da-gi-odberete-idealnite-ochila-za-sonce-spored-oblikot-na-liceto-01.jpg

Затоа е важно да одберете очила за сонце кои ќе му одговараат на вашиот облик на лице:

Прво, треба да знаете да го одредите обликот на лицето.

Земете една од следниве работи: маркер, кармин, сапун или молив. Застанете пред огледало. Со раката исцртајте ги линиите од обликот на вашето лице и обидете се да бидете што е можно попрецизни, почнувајќи од брадата до челото каде што ви почнува косата. Оддалечете се еден чекор и видете каков облик сте нацртале.

kako-da-gi-odberete-idealnite-ochila-za-sonce-spored-oblikot-na-liceto-02.jpg

kako-da-gi-odberete-idealnite-ochila-za-sonce-spored-oblikot-na-liceto-03.jpg

Вие треба визуелно да го издолжите лицето, па одберете очила со потемни рамки. За складен изглед на цртите на лицето, ширината на рамките треба да биде поголема од висината.

Соодветни очила за тркалезен облик на лицето:

  • заоблени, правоаголни или коцкести очила
  • „мачкести“ очила
  • очила во облик на пеперутка
  • „авијаторски“ очила

Несоодветни очила за тркалезен облик на лицето:

  • тркалезни очила
  • очила со мали рамки  
  • очила со строго дефинирани агли
  • очила со геометриски облик
  • очила со стакла во боја
  • очила што ги покриваат веѓите

kako-da-gi-odberete-idealnite-ochila-za-sonce-spored-oblikot-na-liceto-04.jpg

Ако спаѓате во оваа група, најважно е да не ја нарушите складноста на пропорциите на лицето.  Избегнувајте масивни очила. Горниот дел од рамките треба да ја следи линијата на веѓите.

Соодветни очила за овален облик на лицето:

  • очила со тркалезни, овални или правоаголни рамки
  • очила во облик на пеперутка
  • „авијаторски“ очила
  • „мачкести“ очила

Несоодветни очила за овален облик на лицето:

  • очила со строго дефинирани агли
  • очила што изгледаат премногу масивно и широко
  • очила со мали рамки  

kako-da-gi-odberete-idealnite-ochila-za-sonce-spored-oblikot-na-liceto-05.jpg

Избегнувајте правоаголни очила со остро дефинирани агли. Тркалезните рамки визуелно ќе ги балансираат пропорциите на лицето.

Соодветни очила за коцкест облик на лицето:

  • Големи очила
  • очила чија ширина на рамката е еднаква на ширината на лицето
  • очила со стакла во боја
  • очила со овална или тркалезна рамка или рамка во облик на солза
  • очила без рамки (со безбојни рамки)
  • „мачкести“ очила
  • „авијаторски“ очила

Несоодветни очила за коцкест облик на лицето:

  • коцкести очила со остри агли
  • очила со мали рамки
  • очила чии рамки се пошироки од лицето

kako-da-gi-odberete-idealnite-ochila-za-sonce-spored-oblikot-na-liceto-06.jpg

Целта е лицето да изгледа пошироко. Одберете големи очила што делуваат масивно. Добар избор се и рамки чија боја одговара на вашиот тен.

Соодветни очила за правоаголен облик на лицето:

  • очила со големи рамки
  • „авијаторски“ очила со големи рамки
  • очила со тркалезни рамки

Несоодветни очила за правоаголен облик на лицето:

  • очила со мали рамки
  • очила со рамки во силни бои

kako-da-gi-odberete-idealnite-ochila-za-sonce-spored-oblikot-na-liceto-07.jpg

Целта е горниот дел од лицето да изгледа помал од долниот дел за да се добие урамнотежен изглед. Избегнувајте масивни очила, а одберете очила кои имаат иста ширина како вашето лице. Најдобар избор се „авијаторски“ очила.

Соодветни очила за срцевиден облик на лицето:

  • заоблени или тркалезни очила
  • мали рамки со тесен мост
  • „авијаторски“ очила
  • очила без рамки (со безбојни рамки)
  • рамки во светли бои или неутрални тонови

Несоодветни очила за срцевиден облик на лицето:

  • очила со големи и тешки рамки
  • очила со остри агли на рамките
  • очила кои ги покриваат веѓите
  • очила во облик на пеперутка
  • очила во облик на солза

kako-da-gi-odberete-idealnite-ochila-za-sonce-spored-oblikot-na-liceto-08.jpg

Вие треба визуелно да го зголемите горниот дел од лицето. Одберете очила со големи рамки каде горниот дел од рамката е поширок од долниот.

Соодветни очила за триаголен облик на лицето:

  • тркалезни очила без декорации
  • „авијаторски“ очила
  • „мачкести“ очила со проѕирни стакла
  • очила без рамки (со безбојни рамки)

Несоодветни очила за триаголен облик на лицето:

  • „мачкести“ очила со темна боја на стаклата
  • очила со тркалезни или правоаголни рамки
  • очила со мали рамки

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 стилски правила што мажите најчесто ги забораваат (па изгледаат диспропорционално) Верувањата дека само жените треба да се грижат за сопствениот изглед се застарен...
Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците) Синтетички хулахопки, качулка врз капата... Каде најчесто грешиме кога е во праш...
Водич за момци со стил: 40 идеи што да облечете на матура Елегантен изглед со одело и кошула или покежуал со маичка, но и поопуштени, млад...
9 модни парчиња кои треба да ги имате во лето, за да не се мислите што да носите Ако не сте слушнале досега, таканаречениот „капсула гардеробер“ го сочинуваат не...
Омилена летна „униформа“ – долги, макси фустани со шарени дезени (фото) Доколку сте љубители на едно парче облека со кое сте стокмени „од глава до пети“...
5 трендови за диоптерски очила кои во 2023-та ќе ги гледате насекаде Проѕирни рамки за очила: Овие очила се совршени за миговите кога сакате вашата ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg