MANGO колекција за сезона есен/зима 2017

Шпанскиот бренд MANGO повторно соработува за новата сезона со фотографот Марио Соренти, а како ѕвезди во кампањата се појавуваат топ моделите Ана Еверс, Амбер Валета и Фреја Беха Ериксен.

mango-kolekcija-za-sezona-esen-zima-2017-01.jpg

Во истата се појавува и француски глумец Оливие Мартинез, кој освојува со својот шарм и таинственост. Снимена на различни скриени места во Париз, рустичниот изглед на старите градби и големите градини, даваат автентичност и мистичност на кампањата.

Есенските трендови се претставени преку новите изгледи на „малиот црн фустан“, палтата со широк крој и флоралните принтови кои се идеални за есента.

mango-kolekcija-za-sezona-esen-zima-2017-02.jpg

Неизбежни се и кожната моторџиска јакна со волна, гламурозните вечерни фустани со набори, палта во различни кроеви, карирани сакоа, парка со широк крој, како и смелиот изглед на удобните плетени парчиња.

mango-kolekcija-za-sezona-esen-zima-2017-03.jpg

Исклучително посветена на комплетирање на вашата гардероба за оваа сезона, колекцијата на MANGO за есен/зима ’17 носи живописни и класични нијанси како „бургунди“, окер, маслинесто зелена, светкаво сина, сива и други есенски тонови кои ќе го нагласат модниот момент.

mango-kolekcija-za-sezona-esen-zima-2017-04.jpg

mango-kolekcija-za-sezona-esen-zima-2017-05.jpg

mango-kolekcija-za-sezona-esen-zima-2017-06.jpg

mango-kolekcija-za-sezona-esen-zima-2017-07.jpg

mango-kolekcija-za-sezona-esen-zima-2017-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Топ 5 трендови од модните писти за 2023-та XXL парчињата облека повторно ќе биде ИН, но кои се новите трендови за 2023?Модн...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg