Моден оброк во сите бои: Уникатна колекција на Dolce & Gabanna за пролет 2018

Познатото модно дизајнерско дуо Dolce & Gabbana, на овогодинешната Модна недела во Милано ја претставија колекцијата за пролет 2018.

moden-obrok-vo-site-boi-unikatna-kolekcija-na-dolce-gabanna-za-prolet-2018-01.jpg

Станува збор за шаренолика колекција која се состои од облека и модни додатоци и претставува вистински „моден оброк“.

Италијанските дизајнери биле инспирирани од храната, па решиле тоа да го претстават во уникатна колекција во нивниот препознатлив стил.

Обетки во облик на домати и портокали, долги фустани со принт од ѓевречиња и колачи и чанти со грашок се дел од највпечатливите изгледи на ревијата во Милано.

Колекцијата се состои и од други интересни и оригинални парчиња во многу бои и различни форми, а славните дизајнери и овојпат не ги изоставија нивните омилени цветни мотиви.

Погледнете дел од колекцијата на Dolce & Gabanna за пролет 2018:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
24 идеи како да носите капути од еко крзно оваа зима (фото) Кратки, долги, меки како ќебенце или како јамболија, еднобојни, со шари, во клас...
Плетени волуменозни капи и шалови - моден тренд кој ќе ја одбележи оваа зима (фото) Ако минатата година во мода беа беретките и шеширите, оваа сезона се враќаат пле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg