5 трикови од стилистите за брзо и лесно да правите модни комбинации

Кога е во прашање модата, секогаш се добредојдени совети и насоки, особено ако станува збор за совети од искусни стилисти со богато искуство зад себе.

5-trikovi-od-stilistite-za-brzo-i-lesno-da-pravite-modni-kombinacii-01.jpg

Речиси и да не постои жена која секогаш знае што ќе облече.

Тешко е секој ден да се смислуваат различни модни комбинации, особено наутро, кога сè уште ви се спие и мозокот не почнал да ви функционира.

Со овие 5 паметни трикови, секогаш ќе умеете брзо и лесно да направите модна комбинација:

Направете си своја модна униформа

Зад многу успешни дами стои нивна модна униформа. Тоа е комбинација која нив најмногу им прилега и најчесто ја носат. Тоа може да биде црно здолниште и бела кошула, маичка и црно сако со панталони, фармерки и кошула и слично.

На тој начин, кога навистина нема да имате време или нема да знаете што да облечете, ќе си имате еден сигурен избор.

View this post on Instagram

A post shared by Jessie Bush (@jessie_bush)

Класичните парчиња се секогаш вистински избор

Класичните парчиња се полн погодок и со нив никогаш нема да направите модна утка. Тоа се едноставни и елегантни модели кои одговараат на повеќе пригоди, а најдобро доаѓаат до израз кога се комбинираат со некое актуелно тренди парче.

Изборот речиси секогаш паѓа на карирано сако, женствена кошула, чанта во беж или црна боја и елегантни чевли со удобна потпетица.

Почнете од чевлите

Во деновите кога не знаете што да облечете, почнете да ја правите модната комбинација од чевлите. Одберете што ќе носите, според пригодата или временските услови, и од таму креирајте ја комбинацијата.

Стилистите велат дека ова е најлесен начин да одберете што друго ќе носите.

https://www.instagram.com/p/BZuKwX7h0hh/

Едноставната комбинација истакнете ја со парче во впечатлива боја

Секоја едноставна комбинација ќе изгледа модерно и шик ако додадете едно парче во некоја впечатлива боја. Неутралната палета на бои е избор со кој не можете да погрешите, а ако на тоа додадете црвена маичка, жолта чанта или цветно здолниште, тогаш имате вистински моден погодок.

За крај, додајте впечатливо парче накит или моден додаток

Крајот го краси делото, па така и накитот и модните додатоци ја заокружуваат секоја модна комбинација. Можете да бидете беспрекорно облечени, но ако ставите погрешен накит, секоја комбинација ќе изгледа непривлечно. Затоа, одберете едноставни модели на златни или сребрени обетки, впечатлив модел на очила или свилена марама.

Правилото за модните додатоци е јасно – помалку е повеќе.

https://www.instagram.com/p/BD9JypqpXDi/

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Машки деловни комбинации, совршени за почетокот од есента (фото) Нема да погрешите со кошула и панталони, но не мора да се држите само до овие па...
Топ 5 трендови од модните писти за 2023-та XXL парчињата облека повторно ќе биде ИН, но кои се новите трендови за 2023?Модн...
9 популарни модни трендови од 2023-та, кои постепено „изумираат“ Транспарентни чанти и облека на која се гледа името или логото на брендот – кои ...
Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg