12 чудни модни трикови кои ќе ви го олеснат животот

Од непријатна миризба на чевлите до изгубен сјај на сребрениот накит, овие трикови ќе бидат решение за многу ваши главоболки.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-001.jpg

Сите сакаме да можеме да се справиме со одредени проблеми со облеката, а за среќа, интернетот е полн со апсурдни, но успешни модни трикови.

Еве 12 такви, кои ќе ви го олеснат животот:

Сокријте ги прерамките од градникот со помош на спојувалка за хартија.

Ако купивте фустан со голи рамена, но немате соодветен градник, не трчајте во продавницата за долна облека. Земете спојувалка за хартија и со едниот крај прицврстете ја за едната, а со другиот за другата прерамка.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-01.jpg

Спречете да ви се гледа долната облека.

Линиите од ластикот на гаќите може да го уништат и најдобриот стајлинг. За да го избегнете ова, носете специјално дизајнирана долна облека, која не само што нема да дозволи да се гледа дека носите долна облека, туку и ќе ги акцентира вашите најдобри делови.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-02.jpg

Избричете го вашиот џемпер за да се ослободите од топчињата.

За да направите вашиот стар џемпер да изгледа како нов, земете жилет и нежнo тријте го џемперот со него за да ги отстраните топчињата.

Но запомнете, треба да бидете внимателни за да не си ја исечете облеката.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-03.jpg

Ставете сода бикарбона во вашите чевли за да се ослободите од непријатната миризба.

Ако постојано се борите со непријатната миризба од чевлите, овој трик ќе ви помогне да го решите проблемот брзо и евтино. Земете сода бикарбона, замотајте ја во мало парче облека и ставете ја во чевлите во текот на ноќта.

Можете да испрскате и мала количина сода внатре во нив, но запомнете дека не смеете да ставате сода директно на кожени чевли бидејќи ќе ги уништи.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-04.jpg

Користете цевка за да не ви се заплеткуваат ланчињата.

Отплеткувањето на ланчињата знае да биде многу стресен проект, кој одзема многу време. Но ако го користите овој трик ќе се ослободите од главоболките, особено за време на патувања. Сè што ви е потребно е цевка за пиење.

Откопчајте го ланчето, пуштете го од едната страна низ цевката и закопчајте го. Должината на цевката прилагодете ја на должината на вашето ланче со нејзино сечење.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-05.jpg

Отстранете ги гумите за џвакање од облеката со помош на мраз.

Гумите за џвакање залепени за облеката знаат да бидат голем проблем. Земете коцка мраз, оладете ја гумата за џвакање и потоа исчистете ја нежно со помош на нож.

Трикот ќе функционира совршено затоа што гумата за џвакање реагира на промената на температурата.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-06.jpg

Исчистете го сребрениот накит со помош на кечап.

Знаеме дека може ви звучи лудо, но трикот навистина функционира. Ставете малку кечап на мало парче ткаенина и тријте го вашиот сребрен накит, а потоа отстранете го кечапот. Вашиот накит ќе блеска повеќе од кога било!

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-07.jpg

Заштитете ја вашата капа со помош на леплива лента.

За да го избегнете уништувањето на вашата капа од шминката на челото или потта, пред да ја ставите, обложете ја со леплива лента. Овој едноставен трик ќе спречи нечистотиите и шминката да се залепат за капата.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-08.jpg

Користете двострана леплива лента за да го прицврстите вашиот градник за облеката.

Лепливата лента со две страни ќе ви го спаси денот, кога немате соодветен градник за под топчето. Ставете парче леплива лента на делот од градникот на вашиот грб и потоа притиснете ја облеката врз лентата.

Истото можете да го сторите и на страните од градникот за тој да стои на место, ако планирате работите да станат малку диви.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-09.jpg

Направете ги вашите чевли водоотпорни со помош на пчелин восок.

Ако постојано се нервирате дека ви влегува вода во чевлите веднаш штом падне дожд, овој трик е совршен за вас. Земете ги чевлите додека се сосема суви, истријте ги со пчелин восок и потоа исушете ги со фен за коса.

Но, запомнете дека восокот ќе спречи и струење на воздухот низ чевлите, па обидете се да не ги носите на топло време.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-10.jpg

Смрзнете ги вашите тесни чевли за да ги опуштите.

За да ги опуштите вашите тесни чевли, наполнете ќесиња со вода, истискајте го воздухот и запечатете ги. Потоа ставете ги овие ќесиња во вашите чевли, сместете ги чевлите во замрзнувачот и чекајте додека водата не се смрзне созема.

Потоа пробајте ги чевлите и ако е потребно уште опуштање, повторете го процесот одново.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-11.jpg

Нанесете му проѕирен лак за нокти на прстенот за да не ви остава зелени траги.

Прстенот може да почне да ви остава зелени траги на прстот поради хемиски реакции, кои се случуваат помеѓу киселините и другите супстанции на вашата кожа и металот од прстенот.

За да го спречите ова, само нанесете тенок слој на лак за нокти на прстенот. Така ќе креирате бариера и вашиот прст повеќе нема да биде зелен.

12-chudni-modni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zivotot-12.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg