Средени без мака: 5 тајни на „мрзливите“ жени кои секогаш изгледаат добро

Сите познаваме дами кои везден се скоцкани од глава до пети. Косата им е постојано уредна, ноктите никогаш не им се поткршени, шминката на место, а гардеробата одлично вклопена. Притоа, некако успеваат и да стигнат навреме на работа или факултет, како и да ја завршат било која друга обврска. Која е нивната тајна?

ubavi-bez-maka-5-tajni-na-mrzlivite-zheni-koi-sekogash-igledaat-sredeno-1.jpg

Нивната тајна не во тоа што секој ден минуваат часови и часови средувајќи се, туку применуваат одредени едноставни трикови, коишто им помагаат на најдобар начин да го искористат своето време.

Се разбира, секому се случува да и има лош ден, кога апсолутно нема желба за средување. Тоа е сосема во ред.

ubavi-bez-maka-5-tajni-na-mrzlivite-zheni-koi-sekogash-igledaat-sredeno-2.jpg

Меѓутоа, за деновите кога баш сакате да изгледате добро, но едноставно сте премногу мрзливи за да посветите преголемо време на средување (бидејќи спиењето е сепак послатко, зар не?), тогаш нашите совети сигурно ќе ви бидат од полза.

ubavi-bez-maka-5-tajni-na-mrzlivite-zheni-koi-sekogash-igledaat-sredeno-3.jpg

Петте тајни на мрзливите жени кои секогаш изгледаат средено се следните:

1. Сѐ прават претходната вечер

Ако имате некаква обврска во утринските часови, подгответе се пред да си легнете во кревет. На тој начин, утрото ќе може да поспиете малку подолго, а ќе имате и сосема доволно време во мир да го испиете кафето.

Одберете што ќе носите дента и ставете ја сета гардероба на достапно место. По будењето, ќе може само да ја навлечете облеката на себе, без премногу размислувања околу тоа што со што одговара.

Извадете ја и шминката која ви прилега, па исто поставете ја негде кај ќе ви биде на дофат на раката. А, ако не сакате да користите фигаро дури сте поспани, навиткајте ја косата така што ќе си направите локни во текот на ноќта. Наутро ќе си бидете благодарни самите на себе.

ubavi-bez-maka-5-tajni-na-mrzlivite-zheni-koi-sekogash-igledaat-sredeno-4.jpg

2. Користат шампон за суво миење на косата

За девојките кои имаат проблеми со изразито масна или тенка коса, сувиот шампон претставува идеално решение. Не само што ќе може да прескокнете еден ден со миењето (заштедувајќи најмалку половина час време), туку на овој начин и ја штитите вашата коса.

Пречестото миење прилично ги суши влакната. А, ваквите спрејови ѝ даваат и волумен на косата, па навистина се полн погодок за жените кои би сакале да изледаат добро, а тие дополнителни 30 минути ги поминат во кревет.

ubavi-bez-maka-5-tajni-na-mrzlivite-zheni-koi-sekogash-igledaat-sredeno-5.jpg

3. Одбираат материјали кои не се гужваат

Ова е особено важно, доколку сте претерано мрзливи да се фаќате за пегла уште од рано наутро, или, пак, премногу сте неодговорни за да водите сметка околу тоа како седитe, како не би ја стуткале гардеробата. Бирајте облека од материјали кои не се гужваат, а изгледаат добро – како што се свилата или мешавините со полиестер.

Колку и да се трудите да оставите супер впечаток во ленени панталони, штом седнете ќе ви се направат фалти на врвот од бутовите, па после нема шанси да ги исправите во текот на денот. Фино испегланата облека е еден од заштитните знаци на елегантните жени. Мрзливите елегантни жени, пак, водат сметка секогаш да купуваат материјали кои не се ни пеглаат.

ubavi-bez-maka-5-tajni-na-mrzlivite-zheni-koi-sekogash-igledaat-sredeno-6.jpg

4. Секогаш носат дезодоранс со себе

За волја на вистината, мирисот не влијае на изгледот. Меѓутоа, тој и тоа како влијае на впечатокот кој го оставате зад себе. Жените со стил попрво би ја ставиле раката во оган, одошто некаде да се појават некаде со опоен мирис на пот.

А, на сите нам ни се има случено некогаш да се препотиме, особено во јавниот превоз. Затоа, набавете си еден симпатичен мини дезодоранс кој ќе може да го носите во чантата. Така секогаш ќе може да се „потсредите“ кога ќе затреба, избегнувајќи ги несаканите мокри дамки под пазувите.

ubavi-bez-maka-5-tajni-na-mrzlivite-zheni-koi-sekogash-igledaat-sredeno-7.jpg

5. Имаат добитна комбинација за секоја прилика

Ултимативната на тајна на мрзливите, а средени девојки, лежи во фактот што тие секогаш имаат една или неколку комбинации на облеки во кои изгледаат добро, се чувствуваат добро и лесно им e да ги комбинираат.

Без разлика дали се работи за омилемите фармерки и бела маичка со шик марама, голем џемпер со хеланки, или, пак, некое фустанче – сигурно поседувате неколку парчиња што може да ги искомбинирате без оптоварување на мозокот, а супер ќе ви стојат.

Нека тоа ви биде комбинацијата на која ќе се потпрете во миговите кога баш и не се чувствувате најдобро, односно не ви до којзнае какво дотерување, но сеедно би сакале да сте убаво облечени. Секоја жена треба да има барем една таква комбинација во својот гардеробер.

ubavi-bez-maka-5-tajni-na-mrzlivite-zheni-koi-sekogash-igledaat-sredeno-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Премногу класични детали наеднаш и уште 6 модни навики кои ви додаваат години на изгледот Носењето високи чорапи со патики дава малку ретро изглед. Помладешки е патиките ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg