Tрикови со кои облеката ќе ви изгледа скапо, без да трошите многу пари


Tрикови со кои облеката ќе ви изгледа скапо, без да трошите многу пари

Иако многумина не се свесни за тоа, сепак, за жената да изгледа добро средено е потребно само да се следат неколку основни принципи.

trikovi-so-koi-oblekata-kje-vi-izgleda-skapo-bez-da-troshite-mnogu-pari-01.jpg

Воопшто не треба да трошите многу пари за вашиот изглед да биде совршен, потребна е само добра комбинација и неколку правила по кои ќе се водите секогаш.

Ви откривате 10 трикови од стилистите кои ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот изглед.

Сигурно ќе пронајдете некој што ќе ви бдие потребен и корисен:

Избор на бои

За да добиете комплетен изглед, важно е да се држите до неутралните бои на облеката. Одбраната боја ќе биде во фокус, а во деталите ќе може да си поиграте со нијанси, а можете да правите и комбинација од повеќе материјали.

trikovi-so-koi-oblekata-kje-vi-izgleda-skapo-bez-da-troshite-mnogu-pari-02.jpg

Несоодветен стил

Не секогаш е добра идеја да ги следите модните трендови. Прво, тоа може да ви одземе многу време и финансии, а второ, постои ризик да не го погодите она што најдобро вам ви стои.

Затоа не гледајте што е она што сите го носат како униформа во моментот, туку она што на вас најмногу ви одговара на изгледот, годините, формата на телото и расположението.

trikovi-so-koi-oblekata-kje-vi-izgleda-skapo-bez-da-troshite-mnogu-pari-03.jpg

Чанти со правилна форма

Чантата е најважниот детаљ во женскиот изглед, но за тој да биде совршен, бирајте чанти со правилна геометриска форма, бидејќи тие му даваат поцелосен изглед на стилот.

Друго што треба да запомните е дека е подобро да купите 1-2 квалитетни модели, отколку повеќе кои ќе бидат евтини, а не толку квалитетни, бидејќи тоа веднаш се забележува.

trikovi-so-koi-oblekata-kje-vi-izgleda-skapo-bez-da-troshite-mnogu-pari-04.jpg

Средена фризура

Без разлика колку го средувате лицето и се грижите за облеката, доколку косата не ви е средена, целата слика ќе изгледа неуспешно. Фризурата е многу важен дел од стајлингот и обидете се секогаш да ја негувате во зависност од стилот кој го почитувате. Бидете креативни и експериментирајте.

trikovi-so-koi-oblekata-kje-vi-izgleda-skapo-bez-da-troshite-mnogu-pari-05.jpg

Уште 5 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 кимоно наметки за шик дневен изглед Како замена за фустан, мантил, кошула или класична наметка, повеќенаменското ким...
Трикови за облеката во лето да не ви држи топло Топлото време на никого не му оди во прилог кога треба да излеземе надвор и букв...
5 трикови од стилистите за брзо и лесно да правите модни комбинации Кога е во прашање модата, секогаш се добредојдени совети и насоки, особено ако с...