|
Позитивното влијание на кафето го имаат докажувано многу научни истражувања. Иако повеќето препорачуваат кафе без шеќер, најновото истражување...
...од Универзитетот во Барселона покажало дека кафето со шеќер влијае позитивно на мозокот и ја поттикнува неговата работа.

Истражувањето објавено во списанието „Human Psychopharmacology“ наведува дека кофеинот и шеќерот, ако се консумираат истовремено, ја зајакнуваат работата на функциите на мозокот и работната меморија.
Во истражувањето учествувале 40 личности кои се тестирани откако пиеле кафе со шеќер, кафе без шеќер, само шеќер или само обична вода, а кафето со шеќер се покажало како најдобро во подготовка на мозокот за напорен работен.
Гликозата е главно гориво кое им е потребно на мозочните клетки за да функционираат како што треба, а заедно со кофеинот се надополнуваат во засилување на работата на мозокот.
Кофеинот и шеќерот ги подобруваат функционирањето на делот од мозокот за континуирано внимание и работна меморија.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Вселената мириса на пржен стек и жежок метал?!...НАСА го откри мирисот во вселената. За таа цел, го ангажираше Steven Pearce – хемичар и директор на компанијата за мириси, да го создаде мирисот ... Создадена еластична вода?...Новиот материјал составен од 95% вода еколошки е прифатлив, а примена може да најде и во медицината. Имено, јапонските научници од Универзитетот.... Умешност за блефирање...Дали знаевте дека вечерта помината на маса за играње карти може да ви помогне во деловниот живот, особено ако од вас се очекува, на секојдневно н...
 |